From Wikipedia, the free encyclopedia
Билјард — израз што се однесува на широк спектар на вешти игри во кои се користи билјардски стап (наречен так) за удирање топки и нивни поместувања по билјардската маса која е завиткана во волнена платно (чоја) и врамени гумени рабови (мантинела).
Историски поимот билјард го зафаќал целиот спорт. Иако тоа име се користи како генеричко име за сите такви игри, употреба речиси се расцепила на целосни значења во одредени групи на луѓе и географски подрачја. На пример, во Обединето Кралство зборот билјард означува првенствено англиски билјард. Во САД билјард првенствено се користи за карамбол. Во Македонија тој збор е популарен со синоним за осумка, варијанта фунти билјард, исто така билјардски игри со дупки во кој влегуваат куглите.
Билјардот се дели на три групи:
Билјардот има долга и богата историја која се протега од почетокот на 15 век. Во 1586 година телото на шкотската кралица Марија Стјуарт било завиткано во платното од нејзината маса за билјард. Вилијам Шекспир во драмата „Антонио и Клеопатра“ го употребил изразот: „Ајде на билјард“. Најпознатите љубители на билјард биле и Волфганг Амадеус Моцарт, Абрахам Линколн, Луј XIV, кралот на Франција, Марија Антоанета, Марк Твен, Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Наполеон I Бонапарт, Чарлс Дикенс, Луис Керол и многу други.
Следните општи правила важат за сите набројани билјардски игри, освен кога општите правила се исклучуваат со некои од правилата на дадената игра. Како додаток, регулативите на билјардските игри покриваат и аспектни игри кои не ги засегаат директно само правилата, како што се услови кои мораат да ги исполнуваат со опремата која се користи, како и организацијата на турнирите.
Вид на игра | Пречник на топки |
---|---|
Руски билјард | 68 mm |
Карамбол | 61,5 mm |
„Американски“ комплет топки за осмица | 57 mm |
Британска осмица | 56 mm |
Снукер | 52,5 mm |
Билјард наменет за деца | 51 mm |
Билјард со дупки се игра на рамна маса која е покриена со волнено платно (камшик) и врамени гумени рабови (манитинела). Играчот користи стап (билјардски стап) со кој ја удира белата топка, а тогаш таа ја удира посакуваната топка. Целта на играта е топките кои ги нишаниме да влезат во едната од шесте дупки кои се наоѓаат на краевите од масата. Игрите се разликуваат врз основа на тоа која топка е на ред да ја гаѓаме и врз основа на барањата што треба да ги исполниме за да победиме на натпреварот.
Одговорноста на играчот лежи во тоа да е запознаен со сите правила, прописи и распореди за игра кои се применуваат на турнирот. Организаторите на турнирот ќе направат сè што е во нивна моќ тие информации да бидат достапни за сите играчи, сепак највисокото ниво на одговорност лежи во играчот.
„Ближењето “ за белата топка е прв удар во натпреварот со помош која се одредува со кој број по ред играчот ќе игра. Судијата ја поставува топката со двете страни на билјардската маса, на основната линија. Двајцата играчи истовремено ја удираат топката со цел да тие удари во мартинелата на другата страна на билјардската маса, да се одбијат и да нивната топка се врати поблиску до мартинелата која се наоѓа зад основната линија и да и биде поблиска него противничката топка.
Се смета дека овој удар е неправилен под следните услови:
Играчите ќе го повторат ударот на топката ако :
Општо земено, на играчите не им е дозволено да користат нов вид опрема во натпреварите. Начинот на користење на опремата се смета за вообичаен и правилен. Ако некој играч не е сигурен во врска со употребата на некој дел од опремата, тој ќе мора да разговара за сите проблеми поврзани со опремата со менаџерот на турнирот непосредно пред почетокот на натпреварот. Опремата мора да се користи само за намената за која е наменета и на начинот на кој е предвидено да се користи опремата за која станува збор.
Куглите се врќаат во игра , се враќаат на масата тако што нив ги поставуваме на подолгата средишна оска на масата, но што поблиску до задната точка (тоа точката на задната мартинела на која ја поставуваме првата топка во триаголник кога ги составуваме куглите за почеток на партијата) а измеѓу овие точки и мартинелата. При тоа, куглите кој се враќаат на масата не смејат никако да поместат некоја од останатите кугли кои останале на масата. Ако задната точка е зафатена, топката ја враќаме на најблиската точка така да таа е во допир со другите точки. Но, ако белата топка одма е до топката која ја враќаме во игра, белата топка не смее да се доприра со топката која ја враќаме во игра, мора да се остави минимално астојание помеѓу овие две кугли. Ако целата линија е измеѓу задната точка и мартинелата е зафатена со други кугли, топката која ја враќаме во игра се става над последната точка , но што е можнопоблиску до оваа точка.
Ако е потребно да некоја топка биде вратена на својата претходна позиција поради некакво движење, или поради чистење на куглите, судијата ќе гоо направи тоа најдобро што тоуме и знае. Играчот мора да ја прифати судиската одлука за позицијата на топката која се враќа на својата претходна позиција.
Ако играчот мисли дека судијата донел погрешна одлука, тој може да му предложи на судијата да си ја провери својата одлука, но судиската одлука е последна и таа мора да се почитува . Сепак, ако играчот мисли дека судијата не постапува по правилата на соодветен начин, тој може да побара од делегатот да пронајде солуција за проблемот. Додека делаготаот ја испитува ситуацијата, судијата е должен да ја прекине играта. Фаулите мора да се судат веднаш откако ќе бидат направени.
Ако играчот се откаже во текот на играта, тоа значи дека го загубил натпреварот.
Осумка се игра со петнаесет кугли, плус белата топка. Играчот мора ги уфрли сите кугли од својата група( или куглите од број еден до број седум, или кугли од број девет до број петнаесет) пред да се обиде да поентира со топка број осум. Во оваа игра секој потег претходно се најавува.
За да одреди кој играч прв ќе го изведе почетниот удар, предност да бира ќе добие играчот што бил поуспешен во „доближување„ на топката. Потоа се продолжува со назименичен брејк.
Кај оваа игра петнаесет кугли се подредуваат во триаголникот така што се сите кугли прилепени една до друга и тоа топката на врвот се става на крај, а топката број осум во средината. Во последниот ред кугли, тие што се на краевите мора да се од различни групи(полна и шарена). Другите се редат без некој законит редослед.
Следните правила се однесуваа на почетниот удар:
,#* Играчот да го повтори почетниот удар (разбивањето);
Играчот останува да игра сè додека на легален начин ги уфрлува куглите , односно ја освојува партијата кога ќе ја уфрли топката со број осум.
Секој удар, освем брејк, мора да се најави. Играчот може да ја најави на топката број осум тек потоа откако ќе ги уфрли сите останати кугли. Играчот може да најави „сафет“ удар и после тоа неговиот противник да игра наместо него, а секоја топка која е уфрлена во текот на „safety“ удар не се враќа во игра.
Играчот го губи натпреварот во следните ситуации:
Ово не се однесува на почетниот удар (брејк).
Ако играч направи фаул, на ред за игра доаѓа неговиот противник. Противникот добива можност белата топка да ја постави на било која позиција на масата и одтука да ја продолжи играта. Побројните фаули се сметаат за стандардни во играта „осмица“:
Фаулите кој се побројни се казнуваат со загуба на натпреварот кој е во тек. Во случај на неспортско однесувањесудијтаа ќе ја одреди казната која се софпаѓа со прекршокот кој е предизвикан од играчот.
Ако дојде до пат позиција играчот кој е по распоре има брејк во таа партија и ќе го преновува почетниот удар (брејк).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.