Бернанке дипломирал на Универзитетот Харвард, во 1975 година, а во 1979 година докторирал на Масачусетскиот институт за технологија (М.И.Т.). Од 1979 до 1983 година работел како доцент на Stanford Graduate School of Business, а потоа, во периодот 1983-1985 година, продолжил да работи како вонреден професор. Од 1985 до 2002 година бил редовен професор на Универзитетот Принстон. Во 2002 година, Бернанке ја напуштил академската работа и станал член на Одборот на Фердералните резерви (Federal Reserve Board), а на таа функција работел до 2005 година. Во периодот 2005-2006 година бил претседавач на Советот на економските советници (Council of Economic Advisers) на претседателот на САД, а потоа, во периодот 2006-2014 година бил претседател на ФЕД.[1]
Бернанке објавил повеќе трудови во престижните економски списанија, како:[1]
“Non-monetary of financial crises in the propagation of the Great Depression”, American Economic Review (1983)
“Employment, hours, and earnings in the Depression: An analysis of eight manufacturing industries”, American Economic Review (1986)
“Financial fragility and economic performance” (со Mark Gertler), Quarterly Journal of Economics (1990)
“The federal funds rate and the channels of monetary transmission” (со Alan S. Blinder), American Economic Review (1992)
“Inside the black box: The credit channel of monetary policy transmission” (со Mark Gertler), Journal of Economic Perspectives (1995)
“The macroeconomics of the Great Depression: A comparative approach”, Journal of money, credit and banking (1995)
“The financial accelerator and the flight to quality” (со Mark Gertler и со Simon Gilchrist), Review of Economics & Statistics (1996)
“Inflation targeting: A new framework for monetary policy?” (со Frederic S. Mishkin), Journal of Economic Perspectives (1997)
“Monetary policy in a data-rich environment” (со Jean Boivin), Journal of Monetary Economics (2003)
“Measuring the effects of monetary policy: A factor-augmented vector autoregressive (FAVAR) approach” (со Jean Boivin и со Piotr S. Eliasz), Quarterly Journal of Economics (2005)
Бернанке извршувал низа престижни функции, како:[1]
Национален соработник на Хуверовиот институт (Hoover Institution), 1982-1983
Уредник на списанието „American Economic Review“, 2001-2003
Член на Економетриското друштво (Econometric Society), од 1997