Бени Суејф (област)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Областа Бени Суејф (арап. محافظة بني سويف Muḥāfāzah Banī Suwīf) ― една од областите (гувернерства) на Египет. Се наоѓа во средиштето на земјата.
Област Бени Суејф | |||
---|---|---|---|
Област | |||
| |||
Областа Бени Суејф во рамките на Египет | |||
Држава | Египет | ||
Седиште | Бени Суејф (главен град) | ||
Управа | |||
• Областник / Гувернер | Хани Абдул-Џабер Мохамед Ибрахим[1] | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1,322 км2 (0,510 ми2) | ||
Население (јануари 2018) | |||
• Вкупно | 3.214.000[2] | ||
Час. појас | ИЕВ (UTC+2) | ||
ИЧР (2017) | 0.661[3] среден | ||
Мреж. место | benisuef.gov.eg |
Главен град на оваа област е градот Бени Суејф, кој се наоѓа на околу 120 км јужно од Каиро на западниот брег на реката Нил. Областа е добро позната во Египет по фабриките за цемент. Блиската пирамида Мејдум е единствената истакната туристичка знаменитост во областа.
Поради различните начини на препишување на правописот, таа може да биде позната и како Бени Суеф или Бени Суаиф/Сваиф.[4]
Стапката на сиромаштија е повеќе од 60% во оваа област, но неодамна биле обезбедени некои мрежи за социјална заштита во облик на финансиска помош и можности за работа. Финансирањето е координирано од Министерството за финансии на земјата и со помош од меѓународни организации.[5]
Областа е поделена на следните општински единици за административни цели со вкупно проценето население заклучно со јули 2017 година од 3.171.186. Во некои случаи, еден марказ и кисма делат име.[6][7]
Име | Арапско име | Арапска (латинична) транслитерација | Население (проценки од јули 2017) |
Вид |
---|---|---|---|---|
Ел Фашн | مركز الفشن | Al-Fashn | 470.846 | Марказ |
Ел Уаста/Васта | مركز الواسطى | Al-Wāsiṭā | 493.368 | Марказ |
Бени Суејф | قسم بنى سويف | Banī Suwayf | 235.867 | Кизам (целосно урбана) |
Бени Суејф | مركز بنى سويف | Banī Suwayf | 431.278 | Марказ |
Биба | مركز ببا | Bibā | 469.488 | Марказ |
Ихнасија | مركز أهناسيا | Ihnāsiyā | 391.721 | Марказ |
Нов Бени Суејф | قسم مدينة بنى سويف الجديدة | Madīnat Banī Suwayf al-Jadīdah | 27.873 | Кизам (целосно урбана) |
Насер | مركز ناصر | Nāṣir | 373.510 | Марказ |
Сумуста Ел Вакф | مركز سمسطا | Sumusṭā al-Waqf | 277.235 | Марказ |
Според проценките на населението од 2015 година, мнозинството жители во областа живеат во рурални места, со стапка на урбанизација од само 23,2%. Од проценетите 2.856.812 луѓе кои живеат во областа, 2.193.871 луѓе живеат во руралните места наспроти само 662.941 во урбаните места.[8]
Според египетската Управа за инвестиции и слободни зони, подредена на Министерството за инвестиции, следните индустриски зони се наоѓаат во оваа област:[9][10]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.