From Wikipedia, the free encyclopedia
Бартоломеу Јакинто Куисанга, познат како Бастос (роден на 23 ноември 1991) е анголски професионален фудбалер кој настапува за римски Лацио и репрезентацијата на Ангола.
Бастос | |||
---|---|---|---|
Со Ростов во 2014 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Бартоломеу Јакинто Куисанга | ||
Роден на | 23 ноември 1991 | ||
Роден во | Луанда, Ангола | ||
Висина | м | 1,84||
Позиција | Одбранбен играч | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Лацио | ||
Број | 15 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2010–2013 | Петро Луанда | 105 | (6) |
2013–2016 | Ростов | 73 | (4) |
2016– | Лацио | 32 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2011– | Ангола | 29 | (2) |
** Ажурирано на: 28 March 2017 |
Бастос ја започна својата кариера во родната земја Ангола. Периодот помеѓу 2011 и 2013 година тој настапуваше за Петро Луанда каде што на 105 натпревари тој постигна 6 гола и двапати ја освои Така де Ангола.
На 11 јули 2013 година, Бастос потпиша трогодишен договор со фудбалскито клуб Ростов во Руската премиер лига.[1] Тој ја имаше главната улога во победата и освојувањето на рускиот фудбалски куп против тимот на Краснодар.[2]
На 17 август 2016 година, Лацио објави дека Бастос потпишал за 5 милиони евра.[3][4] Тој го направил своето деби за Лацио, на натпреварот против Јувентус, каде што лацио беше поразен резултат од 0–1.
Бастос дебитирал за неговата земја на натпреварот протов Либерија, одиграна на 10 август 2011 година, резултатот заврши 0-0.Тој ја претсавуваше својата земја на Купот на африканските нации во 2013 година..[5]
Во ноември 2016 година, помладиот брат на Бастос, Нандињо потпиша за Ростов..[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.