село во Горноџумајско, Пиринска Македонија (денес во Општина Кочериново, Ќустендилска област, Бугарија) From Wikipedia, the free encyclopedia
Бараково (бугарски: Бараково) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во Општина Кочериново, Ќустендилска Област. Претставува единственото пиринско село вон денешната Благоевградска Област.
Бараково Бараково | |
---|---|
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Бараково | |
Земја | Бугарија |
Област | Ќустендилска |
Управа | |
• Селски кмет | Иван Минков |
Надм. вис. | м | 382
Население (2015) | |
• Вкупно | 517 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2634 |
Повик. бр. | 07053 |
Селото Бараково се наоѓа крај Рилска Река, на југозападните падини на Рила. Сместено е на 8 км од Горна Џумаја (Благоевград), на патот од градот за Рилскиот манастир.
Не е познато кога настанало селото. Се претпоставува дека местото е населено преку 3–4 века. По преданијата од постарите жители, познато е дека селото првично било поделено на три маала со по 4–5 куќи, и се нарекувало Долно, Средно и Горно Бараково. Според преданијата, името потекнува од дигањето на бајраци. Не е познато по кој повод се дигани бајраците, но познато е дека првите доселеници биле православни. Горно Бараково — маалото над реката Струма — било првиот чифлик, а денешното маало Шарков Чифлик (нас. Левски) произлегува од тоа време.
Во атароот на селото, крај патот за Горна Џумаја (наречен Баларбаши), има наоди за големо пазариште од римско време, но сведоштвата за тој ран период не опстанале поради пљачкосувања.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото :
Бараково, на северозапад од Џумаја 2 часа, до една притока на Струма. Над таа река има мост, кој е граница меѓу Турција и автономната област Бугарија. До Кочариново нема ни половина час. Жителите се земјоделци; се обработува и тутунот, има и лозја. Куќи 90.[1]
Бараково до 1912 г. било во состав на отоманската држава. Рилска Река ја исцртувала границата меѓу Кнежевството Бугарија и Отоманското Царство. Селото било будно и жителите понудиле голема помош на борците на ВМРО во турско време.
Во 1903 г. Тодор Балабанов изградил дрбопреработувачка фабрика, која понатаму ја развивил неговиот син Иван Балабанов. Фабриката низ годините обезбедила работа за 500 до 1000 лица. Имало живеалишта за неженетите работници и нивните семејства. На работниците им биле подмирени сите домашни трошоци, лекарства и лекарски услуги, а на зима бесплатно добивале дрва и јаглен. Добивале посебни фабрички монети со вредност од 5, 10, 20 и 50 лева, со кои пазареле во продавниците на сопственикот. Фабриката располагала со своја електроцентрала, железница, болница, пожарна, училиште, детска градинка, старечки дом, кино и казино. Подоцна се прошириле и станала фабрика за картон, а потоа и за хартија.
Во 1920 г. селото броело 80–85 куќи. Со појавата на Балабановата фабрика во атарот на Бараково, насалението постепено почнало да расте. Во 1930-тите работел македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров, кој воедно се венчал во месната црква „Успение на Пресвета Богородица“.
Во 1974 г. Бараково станало населба на градот Кочериново.[2] Во 1991 г.[3] Бараково е одвоено од Кочериново, што довело до спорови за земјиштето меѓу двете населени места.
Православниот храм во Бараково има интересна историја.
По ослободувањето од Турците (1912), постоечката турска царинарница е претворена во црква „Успение на Пресвета Богородица“ која почнувајќи од 1894 г. ѝ припаѓа на Неврокопската епархија на Горноџумајската духовна околија. Во минатото селото го опслужувале горноџумајски свештеници, од кои последен бил Аврам Младенов.
На 20 октомври 1920 г. храмот е осветен од неврокопскиот митрополит Макариј. Мајстори на црквата биле Мите Атанасов Донин, Чиме Митев, А. Митев, Хр. Митев, В. Томов, Ан. Христов и Ст. Воденичарски. Во тоа време парохијата опфаќала 80–85 куќи.
По основањето на сопствена парохија, за прв свештеник во Бараково бил назначен Александар Миленков.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.