Банатските Бугари (банатско-бугарски: palćene или banátsći balgare) се бугарски иселници кои живеат во историскиот регион Банат во Србија и Романија. За времето кога таа област била во Австроунгарија тие се нарекувале Јужноунгарски Бугари. Меѓусебе тие се нарекувале павлиќани, или павликене, палкене и паулкене на месниот дијалект. Меѓу научниците тие луѓе се познати како Банатски Бугари. По преселбата во Австриската империја, Банатските Бугари се одделуваат во посебна бугарска етно-религиозна група со свои посебни одлики. Тие се католици, говорат свој дијалект, пишуваат на латиница и имаат самобитна материјална и духовна култура, со силно влијание од локалното унгарско, германско, романско и српско население. Денес има околу 10.000 Банатски Бугари.[1][2][3]
Наводи
Поврзано
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.