село во Општина Новаци From Wikipedia, the free encyclopedia
Балдовенци — целосно раселено село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Балдовенци | |
Координати 41°0′56″N 21°32′17″E | |
Општина | Новаци |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 02005 |
Надм. вис. | 690 м |
Балдовенци на општинската карта Атарот на Балдовенци во рамките на општината | |
Балдовенци на Ризницата |
Балдовенци се наоѓа во средишниот дел на Општина Новаци и лежи на надморска височина од 690 метри.
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]
Атарот зафаќа површина од 10,2 км2.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г Балденци имало 185 жители, сите Македонци христијани.[3][4] На почетокот на XX век селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото Балдоенци имало 136 жители, сите Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3][5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Балдоенци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]
Селото е наполно раселено по 1961 година, кога броело 170 жители, Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Балдовенци немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 185 | 136 | 133 | 171 | 170 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Балдовенци е потполно раселено село денес, но во минатото во него живееле Македонци христијани. Сите родови во селото биле доселенички.[13]
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:
Од Балдовенци иселеници има во селото Гнеотино (Јанкуловци, Ванѓел и Лазарови). Од родот Рамнешовци иселеници има во Новаци. Од Кушовци иселеници имало во Битола, каде изумреле.[13]
Иселеништвото било помасовно после 1953 година, денес селото е целосно раселено.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.