From Wikipedia, the free encyclopedia
Бад Гастајн (германски: Bad Gastein) е бањски град во австриската покраина Салцбург. Сместен е на долина на планинскиот венец Високи Таури, и е познат по водопадот Гастајн и хотелските згради изградени во стилот на прекрасна епоха (Belle Époque).
Името „Бад“ значи „бања“, и ја одразува историјата на градот како лекувалиште. Градот стекнал слава поради термалната вода Heilstollen (во буквален превод „лековит тунел“). Теофраст Парцелзус (1493–1541) ја проучувал изворската вода за да ги открие нејзините тајни. Марија Кири (1867-1934) и Хајнрих Махе (1876-1954) помогнале во откривањето дека водата содржи радон и како резултат на тоа започнала терапијата со радон во градот.
Градот е познат скијачки центар. Бад Гастајн бил домаќин на Светското првенство во алпско скијање во 1958 година и овде редовно се одржува светскиот куп во сноуборд и бордеркрос. Скијачкиот центар Бад Гастајн и Бад Хофгастајн е дел од Ски Амаде, а на долината Гастајн има 4 скијачки области со преку 200 километри спуст патеки. [1] Многу објекти на падините нудат топлина, храна и силни пијалоци.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.