Ашкелон (хебрејски: אַשְׁקְלוֹןⓘ) — град во Израел. Ашкелон е крајбрежен град во Јужниот округ, на околу 50 километри јужно од Тел Авив и на 13 километри северно од границата со појасот Газа. Древниот град Ашкелон датира од неолитското доба. Во текот на историјата, населбата била под управа на Древниот Египет, Ханан и Филестина, па преку Асирија, Вавилон, Феникија, Арапите па сè до денешен Израел.
На неколку километри источно од центарот на древниот град во 15 век било основано арапско село за време на отоманскиот период. За време на арапско-израелската војна од 1948 година селото, под име Ал Маџдал, имало население од околу 10.000 Арапи, а во октомври бројот на населението се зголемил поради бегалци.[1] Селото било зеземено од Израел на 5 октомври 1948 година, во период кога арапското население веќе се евакуирало од селото,[2] останувајќи само 2,700 жители.[2]
Името на населбата било променето во Мигдал Газа, подоцна во Мигдал Ашкелон од новодоселените Евреи. Останатите Арапи од Ашкелон го напуштиле градот во 1950.[3] Во 1953, крајбрежната населба Афридар била официјално припоена со Мигдал Ашкелон и заедничкото име на новосоздадената населба била само Ашкелон.
Првично, за време на израелскиот период, бил населн од Мизрахиски Евреи, кои биле избркани од муслиманските земји. И денес градот е воглано составен од Мизрахиски Евреи. Во 1950-те во Афридар се доселиле Јужноафрикански Евреи, а по нив дошле и Британски Евреи.[5] Во 1990-те се доселиле Етиопски Евреи и Руски Евреи.
Garfinkel, Y.; Dag, D.; Hesse, B.; Wapnish, P.; Rookis, D.; Hartman, G.; Bar-Yosef, D.E.; Lernau, O. (2005). „Neolithic Ashkelon: Meat Processing and Early Pastoralism on the Mediterranean Coast“. Eurasian Prehistory. 3: 43–72.
Garfinkel, Y.; Dag, D. (2008). Neolithic Ashkelon. Qedem 47. Jerusalem: Institute of Archaeology, Hebrew University. OCLC494272503.
Golan, Arnon (2003). „Jewish Settlement of Former Arab Towns and their Incorporation into the Israeli Urban System (1948–1950)“. Israel Affairs. 9 (1–2): 149–164. doi:10.1080/714003467.
Kafkafi, Eyal (1998). „Segregation or Integration of the Israeli Arabs: Two Concepts in Mapai“. International Journal of Middle East Studies. 30 (3): 347–367. doi:10.1017/S0020743800066216.
Lecker, Michael (1989). „The Estates of 'Amr b. al-'Āṣ in Palestine: Notes on a New Negev Arabic Inscription“. Bulletin of the School of Oriental and African Studies, University of London. 52 (1): 24–37. doi:10.1017/S0041977X00023041. JSTOR617911.CS1-одржување: ref=harv (link)