Аугшдаугава (општина)
општина во Латвија From Wikipedia, the free encyclopedia
општина во Латвија From Wikipedia, the free encyclopedia
Аугшдаугава (латвиски: Augšdaugavas novads, „Горна Даугава“) — општина во југоисточна Латвија. Го опкружува независниот град Даугавпилс, во кој е сместена општинската управа иако самиот не е дел од неа. Основана е со административната реформа во 2021 г.
Општина Аугшдаугава Augšdaugavas novads | |||
---|---|---|---|
општина | |||
![]() Пределот Аугшземе во жупата Свенте | |||
| |||
![]() Местоположба на општината Аугшдаугава во Латвија | |||
Земја | Латвија | ||
Основана | 1 јули 2021 | ||
Седиште | Даугавпилс (вонтериторијално) | ||
Површина[1] | |||
• Вкупна | 2.524 км2 (975 ми2) | ||
Најг. вис.[2] | м | 220,6||
Население | |||
• проц. од (2021)[1] | 25.927 | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Мреж. место | augsdaugavasnovads.lv |
Општината зафаќа површина од 2.524 км2.[1] Сместена е во југозападниот дел на областа Латгалија во источна Латвија и од сите страни го опкружува градот Даугавпилс. Се граничи со општините Јекабпилс на северозапад, Ливани на север, Преиљи на североисток и Краслава на исток.[1] Воедно се граничи со Паневешкиот и Утенскиот округ во Литванија на запад и југозапад, и Витепската област во Белорусија на југоисток. Најјужната точка на Латвија се наоѓа во жупата Демене на границата во Литванија, и е обележана со скулптура.[3]
Областа Аугшземе (со значење „возвишение“) се протега во јужно-средишниот дел на општината и претставува заштитен предел со површина од 208,13 км2.[4] Во неа се езерата Свенте и Медуми. На ова подрачје е и Егљукалнс, највисоката точка на општината[5] со висина од 220,6 м.н.в.[2] и има скијачки центар.[6]
Во општината тече реката Даугава доаѓајќи од исток, а потоа свртува кон Даугавпилс. Долината на Даугава источно од градот е заштитен предел кој навлегува и во општината Краслава.[7]
Во северниот дел на општината Аугшдаугава има трет заштитен предел — Ницгалската Шума во жупата Ницгале.[8] На источната граница стои Големиот ницгалски камен, најголемиот од камените балвани во Латвија со зафатнина од 170 м3.[9]
Општината Аугшдаугава територијално се совпаѓа со поранешниот округ Даугавпилс (1967-2009). Со реформата од 2009 г. округот е укинат и поделен на општините Даугавпилс и Илуксте. Во 2020 г. парламентот одобрил административна реформа со која бројот на општини се намалува од 119 на 42. Тогаш општината Аугшдаугава е создадена со спојување на дотогашните општини Даугавпилс и Илуксте.[10]
Општината има 15 советници.[11] Граѓанската заштита, образованието и комуналиите се заедничка надлежност на општината и градот Даугавпилс.[12]
Општината е поделена на две паланки и 25 жупи:[10][12]
Во 2021 г. општината броела 25.927 жители. Ова претставува пад од 39 % во однос на 42.483 жители во 2000 г. и пад за 22 % во однос на 33.222 жители во 2011 г.[1]
Истата година Илуксте имало 2.169, а Субате имало 596 жители.[13]
Аугшдаугава е претежно земјоделска општина: во 2005 г. 71 % од површината на тогашниот округ Даугава биле наменети за земјоделство, претежно одгледување на житарки и говеда.[5] Општината ја опслужуваат следниве државниот автопати: A6, кој го поврзува Даугавпилс со Јекабпилс и Рига на северозапад, како и Краслава и белоруската граница на исток; A13, кој се протега од литванската граница југозападно од Даугавпилс, минува низ градот и оди преку Резекне до руската граница североисточно од Карсава и A14, западна обиколница на Даугавпилс.[5] Низ општината проаѓаат и гасоводот Рига-Даугавпилс, како и делницата Унеча–Полоцк–Вентспилс од поранешниот нафтовод „Дружба“.[5][14] Меѓународниот аеродром Даугавпилс се наоѓа во Лоцики, североисточно од Даугавпилс.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.