From Wikipedia, the free encyclopedia
Астон Мартин (англиски Aston Martin Lagonda Limited) е британски производител на луксузни спортски автомобили. Претпријатието е основано во 1913 година од страна на Лионел Мартин и Роберт Бамфорд.[4]
Вид | Privately held company |
---|---|
ISIN | GB00BFXZC448 |
Дејност | Automobile manufacturing |
Основано | Лондон, 1913 |
Основач |
|
Седиште | Гајдон, Ворикшир , Англија, Обединето Кралство |
Опслужувани подрачја | Ширум Светот |
Клучни личности | Дејвид Ричардс, Чаирман
|
Доход | £474.3 милиони (2010)[2] |
Оперативен доход | −117.900.000 британска фунта (2022) |
Нето-доход | £7.6 милиони (2010)[2] |
Сопственик |
|
Вработени | 1250 (2010)[3] |
Подружници | Aston Martin Racing (50%) Lagonda |
Мреж. место | astonmartin.com |
Фирмата била поврзана со луксузните „Гранд Туринг“ автомобили помеѓу 1950-тите и 1960-тите години, како и со измислениот лик Џејмс Бонд, по неговото користење на моделот „DB5“ во 1964 година, во филмот „Голдфингер“. Компанијата претрпела стечај во 1970-тите, а имала и долги периоди на неуспех и стабилност, кога била во сопственост на Дејвид Браун (1947-1972) и на „Форд“ од (1994-2007). Во 2007 година, претседател на „Астон Мартин“ станал Дејвид Ричардс. Во декември 2012 година, италијанскиот приавтен инвестиционен фонд Invsestindustrial потпишал договор за купување 37,5% од акциите на „Астон Мартин“, со инвестиција од 150.000.000 фунти, како зголемување на капиталот.
Во филмот „Сениште“, Џејмс Бонд повторно возел „Астон Мартин“, овојпат моделот „DB10“. Притоа, за потребите на снимањето на филмот биле изработени 10 примероци од овој модел, кои подоцна послужиле како прототип во натамошното производство, а за дизајнот бил задолжен директорот Марек Рајкман. Моделот поседувал мануелен менувач со шест брзини и имал V8 мотор со волумен од 4,7 литри, сместен на предниот дел. Шасијата била изменет аверзија на платформата VH, која личи на онаа на моделот „Vantage“, додека меѓуоскиното растојание е слично на она на моделот „One-77“. Моделот „DB10“ е купе со две врати, а еден од двата примерока што послужиле на промоцијата на филмот „Сениште“ бил продаден на јавна аукција за цена од 2,4 милиони фунти.[4]
Астон Мартин беа еден од спонзорите на 2. Bundesliga клуб 1860 Munich во период од 2011 до 2013.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.