Астролошки аспект
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Астролошки аспекти се врските меѓу секоја од различните планети на небото, во моментот на раѓање. Ова се користи при анализирање на хороскопот. Да се аспектира, буквално значи „да се погледне во“, па оттаму, аспект меѓу две планети го покажува аголот од кој тие „се гледаат“ меѓу себе, а овие агли се мерат долж кругот на еклиптиката, односно рамнината врз која планетите кружат околу Сонцето. Бидејќи кругот содржи 360°, најголемиот аспект меѓу две тела е 180°, а аспектите понатаму се произведени од поделбата на кругот со цели броеви. Секој број си има своја посебна моќ и значење.
Некои од аспектите се наречени „хармонични“, а други пак „нехармонични“, а познати се и како „тешки“ аспекти, кои бараат напор, и „лесни“ аспекти, кои имаат лесен проток на енергиите. Понатаму, постои и поделба на „големи“ и „мали“ аспекти. Доколку аспектот е на ист степен, се нарекува чист или егзактен аспект. Кога побрзата планета се приближува кон поспора за да направи чист аспект, оваа состојба се нарекува „апликација“, а кога се оддалечува, односно се разделуваат двете планети, се случува „сепарација“.
Следува значењето на аспектите во зависност од бројот кој ги создава.
Се поврзува со единство и укажува дека енергиите за кои станува збор се граничат меѓу себе. Ова е наједноставниот и потенцијално најкреативен аспект од сите. Овозможува единство на две или повеќе вовлечени принципи, укажува дека тие секогаш ќе имаат тенденција да работат заедно, да се активираат еден со друг.
Овде имаме поларитет. Принципите вовлечени во овој аспект ќе бидат спротивни еден со друг, но со напор на волјата можат да бидат турнати во соработка. Секогаш е во прашање некаков пар на спротивности: субјективно-објективно, над-под, внатре-надвор, јин-јанг, машко-женско, јас-ти. Заедно може да создаваме, но може и да се степаме. Во било кој случај, се работи за енергии кои бараат баланс за да не дојде до диво нишање меѓу двете екстреми.
Бројот три е во сооднос со животот, виталноста и уживањето, или татко-мајка-дете. Енергиите поврзани преку тригон ќе протечат заедно во спокојство. Може да нè повлечат кон идеалот, но може и да ни донесат самопопустливост, одење по линија на помал отпор. Тројката, односно тригонот се смета за првиот „позитивен“ аспект.
Четворката е поврзана со манифестација на материјата. Кога енергиите се поврзани меѓусебно со аспект квадрат, ќе има предизвик и стремеж да се исполни она што го претставуваат тие. Постојат четири елементи (оган, земја, вода, воздух), четири главни страни на светот (север, исток, југ и запад), четири годишни времиња, но и четири кардинални доблести кои секој човек би требало да ги развие во својот живот: храброст, умереност, внимателност и правда. Затоа се вели дека аспектот квадрат е во врска со реализирање на нашите потенцијали, со принципите преку кои растеме и се остваруваме во овој свет. Но, исто така ги претставуваат и препреките кои треба да се надминат за да го оствариме својот потенцијал. Ова се нашите најголеми слабости кои треба да ги претвориме во најголеми сили.
Енергијата на планетите кои ќе се најдат во ваков аспект, ќе биде употребена природно, со разбирање и сигурност. Петката е во корелација со креативниот ум во најширока смисла, а аспектот квинтил ги покажува областите во кои ние знаеме што правиме, активностите во кои сакаме да бидеме вовлечени, како и талентите кои ни се вродени.
Шестката е во релација со пулсот на животот. Може да се симболизира со пчела која создава. Планетите поврзани со секстил работат заедно во хармонија, ефикасно и продуктивно. Покажува активност во која човекот е вовлечен и за која има способности.
Енергиите на планетите вовлечени во овие аспекти може да бидат извонредно продуктивни и да дадат цврсти резултати. Овој аспект носи силна активност, а делумно е и во однос со „она што паѓа од небото“, односно „случајностите“ во животот. Секако овие аспекти ни ги носат последиците од нашите зборови, мисли и дела.
Бројот дванаесет е во однос со овоземниот ред на нештата и животот. Кога планетите се поврзани со овие аспекти, постои потенцијал да се реализира еден вид идеал низ комбинацијата на восхит и напор, да се направи промислен и свесен прогрес кон личниот раст и развој.
Аспектите ретко делуваат во изолација. Тие формираат групи од аспекти. Највоочливи се следниве обрасци од неколку взаемни аспекти:
Поврзува три планети кои се меѓу себе во тригон. Ваквото нагласување на бројот три носи висок степен на мотивација, внатрешно задоволство, радост и восхит во она што се има. Но може да произведе и инерција и мрзливост ако во хороскопот не постои квадрат или опозиција.
Ова е фигура направена од две опозиции кои се под прав агол, односно четири планети кои меѓу себе се во квадрат една кон друга. Како што може да се замисли, овој образец ја предизвикува волјата и потребата да се совладаат препреките со напор. Затоа создава карактери на луѓе кои учеле по потешкиот пат.
Ова е помалку екстремна форма од Големиот крст. ОВде имаме две планети во опозиција, кои истовремено се во квадрат со трета планета. Повторно се нагласува волјата, но го покажува фокусот на предизвиците и видот на напор што се бара за да се најде решението.
Формацијата Змеј е голем тригон со една опозиција. Ги комбинира заедно силната мотивација со конфликтните квалитети на опозицијата. Ова е моќен образец за личен раст и развој.
Јодот го создаваат две неврзувања поврзани со секстил. Овој образец е познат и како „прстот на судбината“, можеби и затоа што често се среќава во хороскопите на самоубици.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.