Remove ads

Сила или Силван (грчки: Σίλας/Σιλουανός) — истакнат член на ранохристијанската заедница во I век и еден од Седумдесетте апостоли. Според Новиот завет го придружувал Апостол Павле на неговото второ мисионерско патување, како што се раскажува во Делата на светите апостоли.[1] Познат е како негов соучесник во неговата мисија во Македонија.

Кратки факти Сила, апостол, ученик, мисионер, епископ и маченик ...
Сила
Thumb
апостол, ученик, мисионер, епископ и маченик
Починал(а) 65–100, Македонија
Почитуван(а) во
Слава
  • 30 јули (ст. ст.), 12 август (н. ст.) (православие)
  • 26 јануари (Евангелска лутеранска црква и Епископална црква)
  • 10 февруари (Лутеранска црква - Мисурски синод)
  • 13 јули (Римокатоличка црква)
  • 13 јули (сириски и индиски православен календар)
Обележја мачеништво
Затвори

Овој светител е нарекуван по две имиња, веројатно варијанта на истото име. Павле секогаш го нарекува „Силван“, а како таков се споменува и во Првото послание на Петар. На други места се води како „Сила“.

Remove ads

Житие

Сила за првпат се споменува во Дела 15,22, каде духовните старешини решаваат дека тој и Јуда Варсава, треба да се врати заедно со Павле и Варнава во Антиохија по одржувањето на Ерусалимскиот собор. Сила и Јуда се споменуваат како водачи меѓу браќата, пророци и делотворни говорници. Павле го бира Сила за сопатник на втората мисија по разделбата со Барнава која произлегла од Марковото учество. Во оваа втора мисија, Сила и Павле за кратко се затворени во Филипи, Македонија, кога се случил земјотрес кој им ги раскинал оковите и им ја отворил вратата од ќелијата (Дела 16,25-37). Во живописот Сила понекогаш е претставен како носи скинати пранги.[2].

Според Дела 17 -18, Сила и Тимотеј заедно со Павле прешле од Филипи во Солун, и таму наишле на непријателски пречек во синагогите од некои традиционални Евреи. Гонителите ги следеле и во Бер, со закани по безбедноста на Павле, поради што тој се разделил од Сила и Тимотеј. Павле отишол во Атина, а Сила и Тимотеј подоцна му се приклучиле во Коринт.[3]

Овие случувања се одвивале некаде околу 50 г. судејќи по Дела 18,12 каде се спомнува проконзулот Галион кој застанал на страната на Павле во Коринт.[4] Во Дела 18,6-7, разочаран од непријателското настроение на Евреите, Павле престанал да ја посетува синагогата во Коринт, а Сила понатаму не се спомнува во Делата.

Се јавува во поздравниот дел на Првото и Второто послание до Солуњаните, и се спомнува во Второто послание до Коринтјаните (1,19). Ова е очекувано со оглед на неговото учество во Павловата мисија кога ги посетувал тие градови. Се спомнува и во заклучниот дел на Првото послание на апостол Петар (5,12), каде можеби имал улога на секретар. Петар вели дека го смета Сила за „верен брат“.

Remove ads

Почитување

Во класичното православие Апостол Сила се слави на 30 јули по стар стил (12 август по нов) заедно апостолите Силуан, Крискент, Епенет, и Андроник, а на 4 јануари во рамките на Соборот на Седумдесетте Свети Апостоли.

Се почитува од Евангелската лутеранска црква и Епископалната црква во Америка како мала слава[5] на 26 јануари заедно со св. Тимотеј и Тит. Римокатоличката црква го слави на 13 јули, а Лутеранската црква-Мисурски синод го одбележува на 10 февруари.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.

Remove ads