From Wikipedia, the free encyclopedia
Антонио Митриќески (Скопје, 1 февруари 1961 ) — македонски филмски режисер[1].
Антонио Митриќески | ||
Роден | 1 февруари 1961
Скопје, денешна Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по режија на: Преку езерото | |
Занимање | режисер |
Митриќески е роден во Скопје во 1961 година. Филмска режија завршува на Високата државна школа за филм и телевизија во Лоѓ, Полска. На филм започнува да работи во 1985 година. Вработен е како професор по предметот филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. За својата работа добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Специјална награда на градот Лоѓ за филмовите ДВОБОЈ и ДЕН (1985), Златен медал за дебитантски филм на 38-миот фестивал на југословенскиот документарен и кусометражен филм во Белград за филмот ЉУБОВТА НА КОЧО ТОПЕНЧАРОВ (1991), Награда на публиката на меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ (1997). Според ист мотив, развиен од сценаристот Ташко Георгиевски, Митриќески го создава поетичниот игран филм ПРЕКУ ЕЗЕРОТО.[2]
Докторира со темата „Теорија и практика на документарниот филм (Казимиеж Карабаш, Столе Попов, Мајкл Мур)“.[3]
1985 Специјална награда од градот Лоѓ / „Двобој“ и „Ден“ 1991 ФЈДКФ, Белград, Златен медал Белград / „Љубовта на Кочо Топенчаров“ 1997 МФФ „Браќа Манаки“, Битола, Награда од публиката / „Преку езерото“
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.