From Wikipedia, the free encyclopedia
Ангел си ти (англиски: Life) — македонска песна претставничка на Евровизија 2004[1][2] во Истанбул, Турција, изведена на англиски јазик (за првпат воопшто не бил употребен македонскиот јазик на настап на Евровизија) од Тоше Проески. На домашниот избор песната била изведена на македонски јазик, исто како и сите песни што Проески ги извел таа вечер.
Ангел си ти | |
---|---|
Тоше Проески на Евровизија 2004 | |
Евровизија 2004 | |
земја | Македонија |
изведувач | Тоше Проески |
јазик | македонски |
јазици | англиски |
композитор | Јован Јованов |
текст | Илија Николовски |
пласман | |
позиција во полуфинале | 10 |
бодови во полуфинале | 71 |
финален пласман | 14 |
бодови во финале | 47 |
хронологија на учество | |
◄ Од нас зависи (2002) | |
Ти си сон (2005) ► |
Песната е лирска и во англиската верзија Проески пее за потребата што подобро да се искористи животот ("Животот е книга, а ти мора да ја прочиташ / Животот е приказна и мора да ти ја раскажам") и на крајот завршува тажно заради крајот на врската ("Талкам по моите стари емоции / откривам нови чувства на тага ").
Македонската верзија е посветена на љубената девојка која е убава како ангел, испреплетувајќи ги сеќавањата за почетоците на врската со неа и сегашните чувства, кои воопшто не се променети.
Песната останала запаметена по својата необична изведба, која започнала со привид дека Проески е сам на сцената. Со побрзите тактови на музиката рацете на неговите придружни танчери го фаќаат и го влечат во различни насоки. Со тоа се симболизирале конфузијата и немирот. Рацете на танчерите имаат исти ракави како мантилот на Проески, така што тие изгледаат како да излегуваат од зад него и ја симболизираат тагата.
Бидејќи Македонија не настапила на Евровизија 2003, за да се квалификува за финалната вечер, “Ангел си ти“ била изведена во полуфиналето. Проески настапил 15-ти по ред, а на крајот, со 71 бод, се пласирал на 10 место во силната конкуренција од 22 натпреварувачи, со што Македонија се квалификувала за финалето.
Во финалето песната повторно била изведена петнаесеттата по ред и со освоени 47 бода се пласирала на 14 место од вкупно 24 песни, со што Македонија стекнала право за учество во полуфиналето на Евровизија наредната година.
Од утро до мрак во мисливе Посакав в миг да те имам (2х) Патот по кој сега чекорам А љубовта обична (5х) |
I saw my ID and it wasn't me Roaming through my old emotions Walking around with some thoughts on my mind I know that I've gotta try Life is a book and you gotta read it |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.