From Wikipedia, the free encyclopedia
Ангелина Бановиќ-Марковска (р. 10 октомври 1966 во Скопје) – македонски есеист, книжевен критичар и редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.[1]
Ангелина Бановиќ-Марковска | |
---|---|
Роден(а) | 10 октомври 1966 |
Занимање | Редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје |
Награди | „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика и есеистика за 2017 година. |
Мреж. место | https://angelinabanovic.blogspot.com/ |
Предава група предмети од областите наука за книжевноста и културологија, на сите студиски циклуси.
Покрај редовниот ангажман на матичниот факултет, од 2012 до 2014 година била и визитинг професор на Универзитетските интердисциплинарни докторски студии по културологија и општествено-хуманистички науки на Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осиек, Хрватска, а од 2008 до 2013 година предавала и на магистерските Интердисциплинарни културолошки студии во книжевноста, на Институтот за македонска литература во Скопје.
Учесник е во меѓународни и домашни научно-истражувачки проекти и член на стручни жириjа за доделување национални награди и признанија од областа на науката и книжевноста. Застапена е во меѓународни зборници и списанија.
Автор/ко-автор е на 10 книги и 2 антологии. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика и есеистика за 2017 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.