Анадирски Залив
залив на Беринговото Море From Wikipedia, the free encyclopedia
Анадирски Залив (руски: Анадырский залив) — најголемиот залив на Беринговото Море во далечниот североисток на Сибир, Русија.

Анадирскиот Залив во рамките на Чукотскиот автономен округ.
Местоположба
Заливот има пречник од 400 км и приближно правоаголен облик. Југоисточниот дел е отворен кон морето, а аглите (надесно од југ) се ’ртот Наварин, устието Анадирски Лиман, заливот Креста и ’ртот Чукотски и Чукотскиот Полуостров. Долж североисточниот брег во должина од 72 км се протега појас од чакал, источно од заливот Креста. Анадирскиот Залив е прекриен со мраз 10 месеци во годината.[1] Во близина на крајбрежјето се појавуваат гренландскиот и сивиот кит.
Население
На брегот на заливот, се наоѓа истоимениот град Анадир, кој претставува административен центар на Чукотскиот автономен округ. Градот е сместен на устието на самото устие на реката Анадир, каде што се влева во Анадирскиот Залив. Други позначајни населени места на крајбрежјето се Провиденија (на Комсомолскиот Залив, огранок на Анадирскиот) и Егвекинот, на заливот Креста.
Стопанство
Брегот и крајбрежната морска површина на заливот имаат лежишта на нафта и гас. Најголемо од нив е Западноезерското повеќеслојно наоѓалиште[2].
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.