Албанска академија на науките (албански: Akademia e Shkencave e Shqipërisë) — најважна научна установа во Албанија, основана во 1972 година.[1] Установата ги вклучува најистакнатите научници, исто така наречени „академици“, кои се вклучени во истражувачки центри и други органи во и надвор од Албанија. Академијата има 28 члена,[2] 11 придружни члена[3] и 26 почесни члена[3]

Кратки факти Кратенка, Основана ...
Албанска академија на науките
Akademia e Shkencave e Shqipërisë
Thumb
Лого на академијата
КратенкаASH
Основана1972
Виднационална академија
Целнаука, академија
СедиштеТирана, Албанија
Членство28 членови, 11 придружни членови, 26 почесни членови
ПретседателМузафер Коркути
Главно телоПретседателство на Академијата
Мреж. местоakad.gov.al/ash/
Затвори

Академијата е составена од два дела:

  • Општествени науки и албанологија
  • Природни и технички науки

Исто така ги вклучува следниве единици:

  • Проекти на технолошки и иновативен развој,
  • Оддел за странски и јавни односи,
  • Библиотека[4]
  • Издаваштво

Албанската академија на науките ја поседува најголемата академска библиотека во земјата. Основана во 1975 година со само 10.000 единици, вклучувала 8.120.000 единици до 1986 година.[5]

Во 2008 година, четири истражувачки институтит (Институт за историја, Институт за археологија, Институт за лингвистика и книжевноста и Институт за фолклор) станале самостојни и го создале Центарот за албански студии.[6]

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.