Алат е помошно средство со кое рачно или машински се обработуваат материјалите. Со алатките полесно, побрзо и попрецизно се работи. Алатките овозможуваат изработка на многу сложени производи. Постојат голем број на алатки за најразлична намена. Алатките може да бидат едноставни, но и многу сложени.
Примената и развојот на алатите непосредно се поврзани за антрополошкиот развој на човечкото општество и цивилизација. Основната цел е да се олесни и забрза работата. Посебен замав во развојот на алатите се случил со почетокот на масовното производство на различни уреди и опрема (на пример, автомобили).
Поделба според материјалот и дејноста
Според материјалот кој се обработува и дејноста, алатот може да се подели на:
- алат за обработка на метал
- алат за обработка на дрво
- алат за обработка на полимери
- алат кој се употребува во градежништвото
- алат кој се употребува во земјоделието
- друг алат: за домаќинство, за златарски работи, кројачки занаети, фризерски занаети, ...
Поделба на алатот во машинството
Општа поделба на алатот во машинската струка:
- резен алат, во директен допир со материјалот го обликува производот (глодало, нож, ...)
- алат за стегање, посредува помеѓу резниот алат, материјалот за обработка и машината, со што влијае на обликувањето на производот (стеги, стезни глави, ...)
- мерни инструменти, служат за мерење и контрола во текот на обработката (либела, метро, вагрес, микрометар, шублер, шестар, мерни плочки, мерни ливчиња, ...)
- алатот за рачна обработка (клешти, клучеви, одвртки, турпии, ...)
- рачен алат со сопствен погон (електрична рачна дупчалка, брусилка, полирка, ...)
Поделба според начинот на користење и набавка
- стандарден алат, се купува слободно на пазарот и како таков се употребува, служи за општа употреба, стандардизиран е по квалитет и димензии (на пример: нож, глодало, сврдел, клуч, ...)
- типизиран алат, изработен е со висок степен на спремност за употреба но не може веднаш да се употреби без претходна доработка или доградба.
- специјален алат, не може да се купи слободно на пазар, потребно е да се направи или нарача, служи за изработка на конкретен произбод (пример направи за бушење и монтажа, шаблони за сечење и обликување, калапи за лиење на полимери и сл.)