Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Азербејџански, или именуван како азерски, а понекогаш и како азерски турски[1][2] или само турски[3][4] — туркиски јазик кој е мајчин јазик на Азерите. Јазикот е службен во современата држава Азербејџан, како и во руската република Дагестан. Најголемиот број говорници на азербејџански се наоѓаат во Иран, но таму нема никаков службен стгатус. Покрај тоа, јазикот се зборува и меѓу азерската дијаспора во Грузија, Турција и останатите држави.
Азербејџански јазик | |
---|---|
Азерски јазик Azərbaycan dili, آذربایجان دیلی, Азәрбајҹан дили | |
Изговор | /ɑzærbɑjdʒɑn dili/ |
Застапен во | |
Подрачје | Азербејџан, Кавказ |
Народ | Азери |
Говорници | 26 милиони (2007)e18 |
Јазично семејство | |
Писмо |
|
Статус | |
Службен во | Азербејџан Русија
|
Регулативен орган | Азербејџанска Национална Академија на Науките |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | az |
ISO 639-2 | aze |
ISO 639-3 | aze — опсежен код Поединечни кодови: azj — северноазербејџански azb — јужноазербејџански slq — селџучки qxq — кашкајски |
Linguasphere | дел од 44-AAB-a |
Азербејџански јазик региони каде јазикот е мнозински региони каде јазикот е видливо малцински | |
|
Азербејџанскиот е дел од групата на огуски јазици. Јазикот се дели на северноазербејџански (кој се зборува во Азербејџан и Русија) и јужноазербејџански (кој се зборува во Иран. Азербејџанскиот е многу сличен и сроден со турскиот, туркменскиот, кашкајскиот и кримскотатарскиот јазик. Овие јазици се меѓусебно разбирливи.[5]
Азерите го именуваат јазикот како турки (Türki)[6] што во превод значи „турски“ или азербејџански турски (Azərbaycan Türkcəsi). Понекогаш од одреден круг на научници се користи терминот истанбулски турски за современиот јазик во Турција.
Во периодот од 1945/ 1946 година Азербејџанската Народна Влада која управувала со Ирански Азербејџан, азербејџанскиот јазик во Иран официјално го именувала како „турски “. Во 1992 и 1993 година, кога се основала современата држава Азербејџан, официјално јазикот го именувала како „турски “. Но по 1994 година властите почнале да го користат терминот „азербејџански јазик“, кој патем бил користен за време на СССР.
Шема на азербејџански самогласки:[7]
Билабијални | Лабијално- дентални |
Дентални | Алвеоларни | Пост- алвеоларни |
Непчани | Меконепчени | Глотални | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Експлозивни и африкати |
p | b | t | d | ʧ | ʤ | c | ɟ | k | ɡ | ||||||
Носни | m | n | ||||||||||||||
Фрикати | f | v | s | z | ʃ | ʒ | x | ɣ | h | |||||||
Апроксимантни | l | j | ||||||||||||||
Тапни | ɾ |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.