From Wikipedia, the free encyclopedia
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е основана во 2009 година. Правната рамка за воспоставување и функционирање на Агенцијата е пропишана со Законот за супервизија на осигурување.[1] Агенцијата има својство на правно лице и за својата работа одговара пред Собранието на Република Македонија. [2] Се основа како самостојно и независно регулаторно тело и во рамките на своите надлежности и овластувања се грижи за законито и ефикасно функционирање на пазарот на осигурување, со цел заштита на правата на сопствениците и корисниците на осигурување.
Агенцијата ги има следните надлежности:
Орган на Агенцијата за супервизија на осигурување е Советот на експерти. Советот на експерти е составен од пет члена од кои еден е претседател. Претседателот на Советот раководи со Агенцијата и ја застапува во односи со трети лица. Претседателот и четирите членови ги именува Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Република Македонија, а нивниот мандат трае пет години, со можност за реизбор. Советот на експерти работи во согласност со надлежностите и донесува тарифник, статут, финансиски извештаи и финансиски план на Агенцијата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.