Автоимуна болест е болест која настанува заради несоодветен имун одговор на телото против супстанци и ткива кои се нормално присутни во него. Со други зборови, имуниот систем погрешно толкува одреден дел од телото како туѓ и го напаѓа (што се нарекува автоимуност). Ова може да биде ограничено само на одредени органи (како на пример, во автоимун тироидитис), или да опфати повеќе различни органи (на пример, системски лупус еритематодес). Лекувањето на автоимуните болести е обично со имуносупресивна терапија која го намалува имуниот одговор.
Автоимуна болест | |
---|---|
Специјалност | Имунологија, Ревматологија |
Критериуми
За една болест да биде препознаена како автоимуна, таа треба да ги исполнува Витебскиовите постулати (формулирани од Ернст Витебски и неговите колеги во 1957 години и изменети во 1994 година):[1][2]
- Директен доказ за пренос на патогено антитело или патогени Т-клетки;
- Индиректен доказ за репродукција на автоимуната болест кај експериментални животни;
- Посредни докази од клинички показатели.
Развивање на терапии
И кај автоимуните, и кај воспалителните болести, состојбата потекнува од несоодветни реакции на човечкиот вроден или стекнат имун систем. Кај автоимунитетот, имуниот систем на пациентот е активиран против белковините на сопственото тело. Кај воспалителните болести станува збор за прекумерна реакција на имуниот систем и неговите сигнални патишта (TNF, IFN, итн.), што предизвикува проблеми. Намалувањето на воспалението преку активирање на против-воспалителни гени и потиснување на воспалителни гени кај имуните клетки е ветувачки начин на новите терапии.[3][4][5]
Значително малцинство од населението пати од овие болести, кои честопати се хронични, онеспособувачки и животозагрозувачки. Има повеќе од 80 болести причинети од автоимуност.[6] Се проценува дека автоимуните болести се меѓу десетте најчести причини за смрт кај жените од сите возрасни групи до 65 години.[7]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.