From Wikipedia, the free encyclopedia
Авентин (на итал: Monte Aventino, на латински: Mons Aventinus) е најјужниот од седумте рида на Рим. За етимологијата на името му постојат неколку верзии: според едни, зборот доаѓа од птица („aves“ на латински), или од името на реката на сабините Авенте, бидејќи сабините го населиле овој рид, или пак од името на царот Алба Лонга, кој според легендата, бил погоден на врвот од овој рид и бил погребан на тоа место.
Авентин е вклучен во рамките на градот Рим, каде во минатото се наоѓал и римскиот суд во 49 година п.н.е. Во времето на латините, овој рид претставувал голема важност, бидејќи на тоа место се одржувале различни собири. Таму се наоѓал и храмот на Диана. Исто така, вториот цар на Рим, Нума Помпилиј го изградил храмот на Јупитер Елициј. Денеска на ридот Авелин се наоѓа црквата "Св. Сабина" (Santa Sabina).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.