From Wikipedia, the free encyclopedia
Абелова награда — меѓународна награда која секоја година ја доделува кралот на Норвешка на еден или повеќе истакнати математичари. Го носи името на норвешкиот математичар Нилс Хенрик Абел (1802–1829). Оваа награда се смета за „Нобелова награда за математика“[1][2][3][4][5][6] и се вбројува меѓу најпрестижните математички награди. Наградата е и парична, со износ од 684.000 евра (2009 г.).[7]
Абелова награда | |
---|---|
Опис | извонредна научна работа на полето на математиката |
Доделува | Норвешка академија на науките |
Прво доделување | 2003 |
Мрежно место | abelprize.no |
Добитниците секоја година ги прогласува Норвешката академија на науките откако изборот ќе го направи одбор од пет меѓународни математичари. На чело на одборот стои математичарот Кристијан Сејп. Паричниот износ на наградата е сличен на оној на Нобеловата награда. Наградата е воспоставена во 2001 година со почетен фонд од 200.000.000 круни (околу $24.000.000 долари) во 2001 г. Наградата се доделува во обид да се создаде публицитет и јавна свест за математиката, и со цел да се подигне угледот на математиката, особено кај младите.
Наградниот одбор го има основано и Абеловиот симпозиум, со кој раководи Норвешкото математичко друштво.
Наградата за првпат била предложена како дел од прославата во на 100-годишнината од Абеловото раѓање во 1902 г.[8] Во 1899, накратко по неговата смрт, Софус Ли предложил да се формира Абелова награда откако дознал во 1897 дека Алфред Нобел не планирал да ја вклучи математиката во неговите награди. Шведскиот крал Оскар II се согласил да ја финансира математичката награда во име на Абел, па така матемаричарите Лудвиг Силов and Карл Стермер изработиле нацрт-статути и правила за предложената награда. Меѓутоа влијанието на Ли обледнело по неговата смрт, и распаѓањето на Шведско-Норвешката Унија во 1905 значело неуспех за првиот обид за формирање на Абеловата награда.
Во 2001, откако се родил обновен интерес за наградата, формирана е работна група за предлогот, а самиот предлог бил поднесен на разгледување кај премиерот на Норвешка во мај месец истата година. Во август 2001, владата на Норвешка најавила дека доделувањето на наградата ќе по чне од 2002 г., по повод двесте-годишнината од раѓањето на Абел. По извесни одложувања, првата награда е всушност доделена во 2003 г.
Во текот на првите седум години (2003–2009), три добитници на наградата (Лакс, Варадан и Громов) се математичари вработени или во соработка со Курантовиот институт за математички науки.
Година | Добитник/ци | Националност | Причина |
---|---|---|---|
2003 | Жан-Пјер Сер | Франција | „за играње на клучна улога во обликувањето на денешната математика, вклучувајќи ја топологијата, алгебарската геометрија и теоријата на броевите“ |
2004 | Мајкл Атија Изадор Зингер |
Обединето Кралство / Либан САД |
„за откривање и докажување на теорема за индексите, здружувајќи ја топологијата, геометријата и анализата, како и за нивната инзвонредна улога во градењето на мостови помеѓу математиката и теориската физика“ |
2005 | Питер Лакс | Унгарија / САД | „за неговите пионерски придонеси кон теоријата и примената на делумните диференцијални равенки и за пресметувањето на нивните решенија“ |
2006 | Ленарт Карлесон | Шведска | „за неговите темелни и знаменити придонеси кон хармоничната анализа и теоријата на мазните динамички системи” |
2007 | Ш. Р. Шриниваса Варадан | Индија / САД | „за неговите темелни придонеси кон теоријата на веројатноста, а особено за создавање на унифицирана теорија на големите отстапувања“ |
2008 | Џон Г. Томпсон Жак Титс |
САД; Белгија / Франција |
„за нивните темелни достигнувања во алгебрата, а особено за обликување на современата теорија на групите“ |
2009 | Михаил Громов | Русија / Франција | „за неговите револуционерни придонеси кон геометријата“ |
2010 | Џон Тејт | САД | „за неговото огромно и трајно влијание врз теоријата на броевите“ |
2010 | Џон Милнор | САД | „за епохални откритија во топологијата, геометријата и алгебрата“ |
2012 | Ендре Семереди | Унгарија / САД | „за неговите суштински придонеси во дискретната математика и теориската информатика, и како признание за телемното и трајно влијание на овие придонеси врз адитивнатата теорија на броевите и ергодичната теорија”[9] |
2013 | Пјер Делињ | Белгија | „за епохални придонеси кон алгебарската геометрија и нивното влијание врз теоријата на броевите, теоријата на претставувањето и сродните полиња“[10] |
2014 | Јаков Синај | Русија / САД | „за неговите темелни придонеси кон динамичките системи, ергодичната теорија и математичката физика“[11] |
2015 | Џон Неш Луис Ниренберг |
САД / Канада | „за впечатливите и темелни придонеси кон теоријата за нелинеарните парцијални диференцијални равенки и нејзината примена во геометриската анализа“[12] |
2016 | Ендру Вајлс | Обединето Кралство | „за неговиот вчудовидувачки доказ на последнта Фермаова теорема преку претпоставката за модуларност за полустабилни елиптични криви, отворајќи ново поглавие во теоријата на броевите“[13][14] |
2017 | Ив Мејер | Франција | „За негивата суштинска улога во разработката на математичката теорија за бранчињата.“[15] |
2018 | Роберт Ленглендс | Канада / САД[16] | „за неговата визионерска програма за поврзување на теоријата на претставувањето со теоријата на броевите.“[17] |
2019 | Карен Уленбек | САД[18] | „за нејзините пионерски успеси во геометриските парцијални диференцијални равенки, баждарната теорија и интегративните системи, како и за темелното влијание на нејзината работа во анализата, геометријата и математичката физика.“[19][20] |
2020 | Хилел Фирстенберг Григориј Маргулис |
Израел / САД | „за пионерска примена на методи од веројатноста и динамиката во теоријата на групите, теоријата на броевите и комбинаториката.“[21] |
2021 | Ласло Ловас Ави Видгерзон |
Унгарија / Израел | „за нивните темелни придонеси кон теоретската информатика и дискретната математика, како и за предводништво во нивното обликување како стожерни полиња на современата математика“.[22] |
2022 | Денис Саливан | САД | „за неговите пионерски придонеси кон топологијата во најширока смисла, а особено нејзините алгебарски, геометриски и динамични аспекти.“[23] |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.