From Wikipedia, the free encyclopedia
Албанска национална армија или скратено АНА (албански: Armata Kombëtare Shqiptare - AKSh) — албанска терористичка организација, која има цел да се отствари идејата за таканаречената „Голема Албанија“. Според руски извори, под маска на герилската борба, АНА се занимава со криумчарење, трговија со дрога, трговија со луѓе, етничко чистење и други незаконски прекршоци. Според АНА, формирани се непосредно после разформирањето на ОВК во 1999 година, а првпат во јавност се појави во текот на војната во Македонија 2001 година во јули месец.[1][2]. Терористите имаат блиски врски со КЗК и одржуваат други контакти со радикални албански организации.
Албанска национална армија (АНА) (Armata Kombëtare Shqiptare - AKSh) | |
---|---|
Учесник во Косовска војна (1999) Воен конфликт во Македонија (2001) | |
Период на делување | 2001 - денес |
Водачи | Албан Периши Виган Градица Авдил Јакупи Лирим Јакупи - нацист Рамадан Шити † |
Седиште | Северна Албанија |
Подрачје на делување | Косово Северозападна & Северна Македонија Прешевска Долина Бар |
Бројност | ок. 8.000 |
Сојузници | Албанија КЗК (1999 - 2009) Албанска дијаспора |
Противници | Србија, Македонија |
Битки и војни | Косовска војна Војна во Македонија (2001) Случај „Кондово“ (2004) |
Според некои извори, АНА има учествувано во масакрот кај Карпалак, каде надвор од воената зона загинаа десет резервисти на АРМ од Прилеп.[3] Откако се потпиша Рамковниот договор на 13 август 2001 година, АНА соопштила дека нема да го признае договорот и дека не претставува никаква пречка кон нивната цел за нова трета албанска држава.
На 31 октомври 2001 година, од Косово упадна група униформирани терористи на АНА на македонска територија, со цел да зимуваат, и да бидат подготвени во случај ако конфликтот би разгорел одново во 2002 година.[4]
На 12 ноември 2001 година, претставникот на АНА Албан Периши официјално соопштил дека неговата терористичка организација стои зад убиството на тројца македонски специјалци прпадници на Единицата Лавови во тетовското село Требош.[5]
Во декември 2001 година, САД ги постави АНА на црната листа.
На 26 март 2002 година, во тетовското село Мала Речица припадници на АНА неуспешно се обидоа да извршат атентат врз политичкиот водач на ОНА, Али Ахмети, кои го сметаат за предавник. Престрелката била измеѓу бивши припадници на ОНА и припадници на АНА. Во престрелката која траела околу четири саати, учествуваа 100-тина терористи. Употребени се автомаско оружје и ракетни фрлачи. Според некој извори во оваа престрелка загинаа 3 до 10 терористи во меѓусебниот албанско - албански конфликт.[6][7]
Во ноќта измеѓу 29 и 30 август 2002 година, на магистралниот пат Тетово - Гостивар се киднапирани петмина Македонци од припадници на АНА. Киднаперите облечени во униформи на АНА поставиле блокада на патот и ги легитимирале патниците. Тие сопреле и автомобил „Ауди“ во кој биле двајца охриѓани, потоа од автобус на ЖАС „Гостивар“ и од такси возило зеле вкупно пет заложници. Со закани со оружје ги пикнале киднапираните да влезат во нивните возила и ги одвезле во приватна куќа во селото Горна Лешница. Таму киднапираните биле тепани и малтретирани. Еден од обвинетите за цело време телефонски контактирал со полицијата и претставници на меѓународните мисии и се заканувал дека нема да ги пушти заложниците сè додека не бидат ослободени од затвор пет лица, кои беа обвинети за убиството на двајца полицајци на 27 август 2001 година во Гостивар.[8][9]
На 18 мај 2003 година албански екстремисти од дивизијата „Скандербег“ ја гранатирале касарната во Тетово. Инцидентот се случил во утрото, а жртви немало.[10]
Крај август 2003 година, терористите на АНА ивршија три експлозии во Скопје. Експлозивните направи експлодирале во трговскиот центар „Мавровка“, во населбите Скопје Север и Ченто во периодот од 23:20 до 3 часот наутро. Материјалната штета била голема, а жртви немало.[11] Целта на АНА беше да го прекинат Европскиот форум на Југоисточна Европа во дијалогот на цивилизациите и да се насочи вниманието на нив. Дел од учесниците исто така се заканија со вооружени борби доколку не се ослободат одредени членови на АНА, кои биле осомничени за тероризам. Дел од учесниците, меѓу нив Авдил Јакупи - Чакала, се претставници на Ал Каеда во регионот. Групата се засолни во кумановско липковскиот крај каде се спремаа за борби со македонските безбедносни сили. Во антитерористичка операција истата година во септември 2003 година, македонските специјалци успеале да убијат најмалку 5 терористи, 30 од нив се повредени.
Во првите месеци на 2004 година, македонските медиуми јавуваа дека на Скопска Црна Гора се појавуваа вооружени униформирани групи на АНА, посебно во делот на скопско Кондово и Рашче.[12] Првично, јавноста воопшто не беше информирана за ваквата ситуација сè додека групите не почнаа медиумски да се ескпонираат непосредно пред референдумот за законот за територијална поделба. Водачот на групата Агим Красниќи повеќе од еден месец од скопското село Кондово порачуваше дека „не се плаши од акцијата на безбедносните сили“. Тогаш, неговата група шест месеци ги држеше под опсада жителите на селото Кондово, но со посредство на водачите на албанските политички партии, Красниќи без проблем и неказнето го напушти селото. Красниќи предводеше група од триесетина до стотина милитантни-Албанци, учесници во побуната во 2001 година, кои не го прифаќаа Охридскиот договор, како ни партијата што произлезе од расформираната ОНА - ДУИ. Красниќи од Кондово направи тврдина на вооружени Албанци во која не смее да влезе македонската полиција. Групата се закануваа дека ќе го гранатират Скопје. Главен помошник на Красниќи му беше Косовецот Лирим Јакупи, познат по прекарот Нацист.[13]
Случајот Кондово беше повод за тогашниот претседател Бранко Црвенковски да го свика Советот на безбедност. Тогаш тој го повика МВР дека треба да интервенира за неутрализирање на криминалните лица со образложение дека „сериозна држава не може да го дозволи тоа“. Од МВР тоа беше „сфатено како провокација“ од Претсдеателот и најавија дека ќе интервенираат кога за тоа ќе се укаже можност.
Генералот на Лавовите Горан Стојков сметал дека Агим Красниќи е политички изманипулиран и злоупотребен за државната тензија поради одредени политички барања и притисоци околу референдумот за територијална поделба. Кога заврши употребата на Агим Красниќи беше наместен и уапсен, по што доби затворска казна.[14] Зад вооружените лица во Кондово, пак, како што дознаваме, не стои целото село и кондовци се целосно поделени меѓу двете страни. Информаците укажуваат дека криминалниот елемент е примарен кој стои зад целиот проблем, кој со поставување политички услови сака да извлече корист од сето тоа. Во таа насока е барањето за амнестија, додека незадоволството од имплементацијата на Охридскиот договор е чист обид за давање политичка заднина на целиот проблем. Во тој контекст се дознава дека меѓународната заедница упатила сериозно предупредување до политичките чинители во земјава, особено до албанскиот блок, дека каков било обид за политичка поддршка на вооружените лица во Кондово би довело до сериозни последици за нив, како на пример нивно ставање на „црните листи“ и слично. Агим Красниќи кој во минатото упатуваше закани прогласувајќи го Кондово за слободна територија е изведен пред судот каде му е изречена затворска казна од 6,5 години. После кризата во скопското село Кондово, најголем дел припадници на паравојската ја напуштиле земјата и заминале на Косово[15][16]
Во текот на 2007 година, група од приближно 50-тина припадници на АНА со криминално досие се засолниле во тетовското село Бродец, кои исто така ја преземаа контролата врз селото. Откако македонското МВР доби оперативни информации, на 7 ноември истата година МВР ја започна акцијата „Планинска бура“ каде што се ликвидирани 8 терористи, меѓу нив и Рамадан Шити, а 13 се повредени. Од македонска страна жртви немало. Според специјалците на ЕСЗ Тигар и ЕБР кои учествуваа во акцијата, терористите биле добро подготвени со бункери и ровови, имало воен камп и значителни резерви на храна, медицина и оружје за долготрајна борба. Оружјето и муницијата било доволно за 150-тина лица да можат да водат неколкумесечни борби. Во ацкијата на МВР сепак им избегаа неколку терористи меѓу нив и Лирим Јакупи - Нацист.[17]
На 29 април 2010 година група припадници на АНА на чело со Лирим Јакупи - Нацист било вмешано во престрелка со македонски полицајци на Македонско - Косовска граница. Во престрелката загина еден македонски полицаец, а големи количества на оружје и муниција се запленети од страна на МВР.
На 11 мај 2010 година, во близина на македонско-косовската граница кај Радуша се случила втората престелка во годината. Таа започнала откако четворица вооружени луѓе отвориле оган над македонските безбедносни сили. По ова, четворицата биле ликвидирани, и притоа било најдено огромно количество на оружје, кое се проценува дека било наменето за незадоволните членови на ОНА или АНА.[18]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.