Џозеф Хутон Тејлор

From Wikipedia, the free encyclopedia

Џозеф Хутон Тејлор
Remove ads

Џозеф Хутон Тејлор (англиски: Joseph Hooton Taylor, Jr.; 29 март 1941 ) — американски астрофизичар и добитник на Нобелова награда за физика заедно со Расел Алан Халс за откривањето на „новиот вид на пулсар, откритие кое создало многу можности за изучување на гравитацијата.“

Кратки факти Џозеф Хутон Тејлор, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Тејлор е роден во Филаделфија како дете на Џозеф Хутон Тејлор, и Силвија Еванс Тејлор, при што и двајцата имале квекерски корени низ повеќе генерации, и израснал во Синаминсон Тауншип, Њу Џерси. Тој се образувал во месното училиште, каде покажал талент за математика.[1] Тој дипломирал физика на колеџот Хејвенфорд во 1963 година, и доктор по филозофија на астрономијата при Харвард во 1968 година. По кусото истражувачко место на Харвард, Тејлор заминал на Масачусетскиот универзитет, по што станал професор по астрономија и помошник директор на Петколеџнаta радиоастрономска опсерваторија. Тејлоровата докторска теза била на тема мерења на месечевото прикривање. Во периодот кога го завршил својот докторат, Џоселин Бел го открила првиот радио пулсар со телескопот во близина на Кембриџ, Англија.

Remove ads

Кариера

Тејлор веднаш заминал во Националната радиоастрономска опсерваторија да работи на телескопите Грин Бенк, Западна Вирџинија, и учествувал во откривањето на првите пулсари кои биле откриени надвор од Кембриџ. Оттогаш, тој работел на сите аспекти на пулсарната астрофизика. Во 1974 година, Халс и Тејлор го откриле првиот пулсар во двоен систем, именуван PSR B1913+16 по неговата местоположба на небото, за време на една потрага по пулсари во опсерваторијата Аресибо во Порторико. Иако истиот не бил целосно согледан во тој период, ова бил исто така првиот од т.н рециклирани пулсари: неутронски ѕвезди кој биле завртени толку брзо преку прносот на маса на површината од страна на придружната ѕвезда.

Орбитата на двојниот систем постепено се намалува како што ја губи енергијата поради оддавањето на гравитациско зрачење, што предизвикува орбиталниот период да се забрзува постепено. Чекорот на смалувањето може прецизно да се предвиди преку Ајнштајновата општа теорија за релативноста, и за време на период од триесет години Тејлор и неговите колеги извршиле мерења кои се поклопувале со предвидувањата со прецизност со отстапување помало од 1%. Ова било првото потврдување на постоењето на гравитациското зрачење. Денес се познати повеќе двојни пулсари, и независните мерења ги потврдиле резултатите добиени од страна на Тејлор.

Тејлор го употребил овој прв двоен пулсар за да изврши високопрецизни опити за точноста на општата релативност. Работејќи со неговиот колега Џоел Вајзберг, Тејлор ги искористил овие набљудувања на пулсарот за да го претстави постоењето на гравитациското зрачење во количеставата и со својствата првично предвидени од Алберт Ајнштајн. Тој и Расел Алаен Халс ја поделиле Нобеловата награда за физика за откривањето на овој објект. Во 1980 година, тој се вработил на Принстон, каде бил угледен универзитетски професор по физика, каде служел шест години како декан. Тој се пензионирал во 2006 година.

Remove ads

Аматерско радио

Тејлор првично својата дозвола за аматерско радио ја добил кога бил тинејџер, што го навело да работи на полето на радиоастрономијата. Тејлор е добро познат во полето на слабосигналната аматерска радио комуникација со доделен повиковен знак K1JT од страна на Федералната комисија за комуникации (FCC). Пертходно тој ги имал ознаките K2ITP, WA1LXQ, W1HFV, и VK2BJX (последната во Австралија).[2] Неговите аматерски радиски достигнувања вклучуваат и организирање на настан во април 2010 година каде со употреба на радиотелескопот во Аресибо за да се извршат одбивање на радиосигнали од Месечината со аматерите ширум светот користејќи глас, Морзеова азбука, и дигитални сигнали.

He wrote several computer programs and communications protocols, including WSJT ("Weak Signal/Joe Taylor"), a software package and protocol suite that utilizes computer-generated messages in conjunction with radio transceivers to communicate over long distances with other amateur radio operators. WSJT is useful for passing short messages via non-traditional radio communications methods, such as moonbounce and meteor scatter and other low signal-to-noise ratio paths. It is also useful for extremely long-distance contacts using very low power transmissions.

Почести и награди

  • Хајнеманова награда од Американското друштво на астрономите (1980)
  • Член на Американска академија на науките и уметностите (1982)[3]
  • Драперов медал од Националната академија на науките (1985)[4]
  • награда на задолжбината Томала (1987)
  • Магеланова награда (1990)
  • Ајнштајнов медал (1991)
  • Картиева награда од националната академија на науките (1991)[5]
  • Волфова награда за физика (1992)
  • Нобелова награда за физика (1993)
  • Шварцшилдов медал (1997)

Тејлор бил меѓу првата група на Мекартурови стипендисти. Тој служел во многу одбори, комитети и дискусии, ководејќи ја Декаделовата дискусија која го создала извештајот Астрономијата и астрофизиката во новиот милениум кој ги воспоставил националните приоритети на САД во полето на астрономијата и астрофизиката за периодот од 2000 до 2010 година. Тој бил почесен гостин на меѓународната олимпијада по физика во 2009 година.

Remove ads

Поврзано

  • Харолд Е. Тејлор, brother—physicist.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads