From Wikipedia, the free encyclopedia
Џафер Кодра (2 април 1923, во Дебар ― 2 мај 1995, во Скопје) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. Тој бил од албанска народност.
Џафер Кодра | ||
Роден | 2 април, 1923 година Дебар, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 2 мај, 1995 година Скопје, Македонија |
Роден е на 2 април 1923 година во Дебар. Во НОВ влегува во 1941 година. Во првата половина на 1943 година станува член на СКМ, а во септември истата година станува секретар на Окружниот комитет на СКМ за Дебар. Од 26 август 1944 до март 1945 година бил политички комесар на Четвртата македонска албанска бригада, а потоа и нејзин заменик политички комесар. Тој е и посебен заменик политички комесар на Дебарскиот младински баталјон. По Втората светска војна минува низ различни политички и државни активности. На 6 јануари 1951 година бил именуван за министер во Социјалистичка Република Македонија. По кавгата на Тито и Сталин, тој бил сменет од функцијата и репресиран.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.