From Wikipedia, the free encyclopedia
Самцхе-Џавахетија (груз -სამცხე-ჯავახეთი) е регион во јужна Грузија, со Ахалцихе како главен град.Таа има 6 административни дистрикти: Ахалцихе, Адигени, Аспинѕа, Бојроми, Ахалкакаки и Ниноцминда. Вкупно има 268 села во целиот регион. Се граничи со Гурија и Имеретија на север, Внатрешна Картли и Долна Картли) на североисток и исток, Ерменија и Турција на југ, Аџарија на запад. Тука има и големи наоѓалишта на гас.
Самцхе-Џавахетија
სამცხე-ჯავახეთის მხარე | |
---|---|
Генерални информации | |
Регионален ISO 3166 код: | GE-SJ |
Површина: | 6.413 км² |
Население: | 160,504 (2014) |
Невработеност: | 4,6%[1] |
Сиромаштија: | 60%[2] |
Просечна плата: | $46 месечно[3] |
Административна поделба: | 6 региони |
Главен град: | Ахалцихе |
Губернатор: | Бесик Амиранашвили |
Според пописот од 2014 етничките Ерменци, се мнозинство во регионот со 50.5% од вкупното население. Останатите се претежно Грузијци 48.3%.[4] Религијата која 96% доминира е христијанството, од кои ерменците се припадници на самостојната Ерменска Апостолска Црква 39.95%, а грузијците на Грузиската Православна Црква 45.24%.[5]
Најголема туристичка атракција во овој регион е областа Варѕија која датира од 8 век со пештерни цркви и манастири. Тие се наоѓаат во близина на градот Аспинѕа.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.