Љубомир Данаилов Фрчкоски (роден на 12 декември 1957 во Скопје) — македонски политичар и професор по меѓународно право, меѓународни односи и современи политички теории на Правниот факултет во Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј- Скопје, Република Македонија.
Љубомир Данаилов Фрчкоски | |
---|---|
Министер за внатрешни работи | |
На должноста 10 јануари 1992 – 23 февруари 1996 | |
Претседател | Бранко Црвенковски |
Претходник | Јордан Мијалков |
Наследник | Томислав Чокревски |
Министер за надворешни работи | |
На должноста 23 февруари 1996 – 29 мај 1997 | |
Претходник | Стево Црвенковски |
Наследник | Благоја Ханџиски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 12 декември 1957 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | СДСМ |
Вероисповед | Православен христијанин |
Прекар | Фрчко |
Љубомир Фрчкоски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981 година. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.
Политичка биографија
Во периодот од 1991 до 1997 година бил министер во владата на Бранко Црвенковски. Така, до 1992 година бил министер без ресор, од 1992 до 1996 бил министер за внатрешни работи, од 1996 до 1997 година министер за надворешни работи.
Од 2000 до 2001 година, Фрчкоски бил именуван на функцијата извршен директор на Фондацијата за стратегиски истражувања Киро Глигоров. Освен ова, тој бил и советник на Претседателот на Република Македонија за уставни прашања и прашања од областа на човековите права од 2000 година, како и кандидат на СДСМ за Претседател на Република Македонија на изборите одржани на 22 март 2009.[1]
Научно-истражувачка дејност
Фрчкоски бил еден од експертите вклучени во подготовката на Уставот на Република Македонија од 17 ноември 1991, како и на амандманите на Уставот од 2001 година. Од 1994 година, тој бил член на IFRI, Францускиот Институт за меѓународни односи.
Фрчкоски, исто така е член на Асоцијацијата за меѓународно право- Скопје и поранешен генерален секретар на Форумот за човекови права. Во 2002 година, бил избран за член на ECRI при Советот на Европа.
Дел од библиографијата на трудови
- Меѓународно јавно право, Фитко (1991)[2]
- Тези за политичкиот плурализам и правната држава во Македонија, Погледи 1 (1991)
- Меѓународно јавно право (учебник, монографија) Табернакул (1994)
- Меѓународно право за правата на човекот, Фондација Институт Отворено Општество Македонија (2001)
- ЕУ политика: меѓу принципите и Балканската пракса, Венецијанска Комисија- Совет на Европа (2001)
- Современи политички теории, Форум (2003)
- Меѓународно право за правата на човекот, второ дополнето издание, Магор (2005)[3]
- Стекување и независност на Република Македонија, МАНУ- Зборник на АСНОМ (2005)
- Преговарање во конфликт на идентитети, Темплум (2007)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.