From Wikipedia, the free encyclopedia
Љубомир Груевски (роден на 17 јануари 1949 , во Гевгелија - починат на 10 ноември 2016 , во Битола) — македонски поет.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Љубомир Груевски | |
---|---|
Роден/а | 17 јануари 1949
Гевгелија, НР Македонија, ФНРЈ |
Починат/а | 10 октомври 2016 67) Битола, Македонија | (возр.
Занимање | Писател, Критичар, Преведувач |
Се школувал во Битола, каде го отпочнува основното образование, кое исто како и гимназиското образование го завршил во Штип. Студирал книжевност на Филолошкиот Факултет во Белград и Филозофскиот факултет во Скопје, каде и дипломирал во 1971 година. Работел како уредник во издвачки куќи; бил директор на Хераклеја Линкестис - античко наоѓалиште (во близина на Битола), директор на Народниот театар (Битола), а подолго време работел како главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Мисирков“ (Битола)- прва издавачка куќа во Р Македонија, надвор од главниот град, чијшто покренувач и директор во основање бил тој.
Во Битола подоцна (1993) исто така ја основал и бил директор и главен уредник на приватната издавачка куќа „Артерос“, која делувала десетина години вклучително и во книжарската дејност. Со литературни објави започнал уште во школските и студентски денови, објавувајќи песни, раскази и театарски осврти во Млад борец (Скопје), Студентски збор (Скопје), Народен глас (Штип) и др. Бил главен и одговорен уредник на битолското списание за литература и култура „Развиток“. Во 1983 година го покренал списанието за уметност и култура на младите од Македонија „ЗА“, бил негов уредник, а во редакцијата од целата држава, членови биле и: Славе Ѓорѓо Димоски (Охрид), Христо Петрески, Доста Димовска (Скопје), д-р Блаже Китанов (Штип), Василе Димоски (Прилеп) и Кире Неделковски (Битола).
Во 2001 година је покренал и со неколкумина уметници и истомисленици ја основал Творечката асоцијација како асоцијација на уметници и творци од сите уметнички и творечки дисциплини, во која членувале значајни имиња од земјата и странство. ТА во 2003 година се појавила како организатор и на, за пошироките јужноевропски простори, првата мултимедијална колонија “Отешево 2003“. Во 2006 година ја покренал и од тогаш ја организирал и водел меѓународната поетска манифестација Хераклејски поетски свечености (ХПС), која секоја година кон крајот месец јули се одржува во Римскиот театар (2 век н.е.) во древниот град Heraklea Lyncestis (4 век н.е. Филип 2 Македонски). Од 2010 година како издание на ХПС се појавува специјализираната ревија/таблоид за уметност “Поезија итн...“.
Од 1974 година, Љубомир Груевски живее во Битола, а последните десет години работел како професор во гимназија. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година. Застапен е во Енциклопедија Британика - на македонски јазик (2006 ), како и во други лексикографски изданија. Застапен е во повеќето антологии на македонската поезија. Неговата поезија е преведувана на англиски, руски, бугарски, украински, српски, хрватски, словенечки, полски и др. словенски и светски јазици. Покрај неговите авторски книги, тој е преведувач на: „СИМБОЛИЗМОТ...“ Андреј Бели, (1997, превод од руски), a се јавува и како приредувач на антологијата „Љубовни пеења“ (1996), поезија и „КНИГА НА МУДРОСТА“ – флорилегиум на сентенци (2002).
Починал во Битола, на 10 октомври 2016 година. Во Битола бил и погребан.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.