Јужноамериканска Плоча — тектонска плоча која го опфаќа континентот Јужна Америка како и голем дел од тлото на Атлантскиот Океан на исток до Африканската Плоча со која го образува јужниот дел на Средноатлантскиот Гребен.
Јужноамериканска Плоча | |
---|---|
Вид | голема |
Површина | 43.600.000 км2 |
Движење1 | западно |
Брзина1 | 27-34 мм годишно |
Опфаќа | Јужна Америка, Атлантски Океан |
1Во однос на Африканската Плоча |
Источниот раб е раздвојувачка граница со Африканската Плоча; јужниот рабе сложена граница со Антарктичката, Скошанската и Сендвичката Плоча; западниот е приближувачка граница со подвлекувачката Насканска Плоча; северниот раб е граница со Карипската Плоча и океанската кора на Северноамериканската Плоча. Во Чилеанската Тројна Точка, близу западниот брег на полуостровот Тајтао–Трес Монтес се наоѓа океанскиот гребен наречен Чилеански Гребен кој активно се подвлекува под Јужноамериканската Плоча.
Геолошките истражувања покажуваат дека Јужноамериканската Плоча се движи на запад, оддалечувајќи се од Средноатлантскиот Гребен.[1] Како последица од ова, источно насочената и погуста Насканска Плоча се подвлекува под западниот раб на Јужноамериканската долж тихоокеанскиот брег на континентот, со стапка од 77 мм годишно.[2] Судирот на овие две плочи е одговорен за издигањето на Андите и настанокот на бројни вулкани (стратовулкани и штитести) расеани по тој планински венец.[3][4]
- Геологија на Јужна Америка
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.