полски политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Јарослав Александер Качињски (полски: Jarosław Aleksander Kaczyński) – полски политичар, роден на 18 јуни 1949 година во Варшава, брат-близнак на Лех Качињски. По професија е адвокат, а премиер на Полска станал во 2006 година, по Кажимјеж Марќинкевич. На таа функција бил до 2007 година, а по него премиер на Полска станал Доналд Туск.
Во 1991 година, Јарослав Качињски ја формирал демохристијанската партија „Центарски договор“ со која си обезбедил два мандата како пратеник во Сејмот, во 1991 и повторно во 1997 година. Во 2001 година, заедно со братот-близнак Лех Качињски, ја формирал десничарската партија „Право и правда“, која на изборите во 2001 година освоила над 10% од гласовите. Откако брат му станал градоначалник на Варшава, во 2003 година Јарослав застанал на чело на партијата „Право и правда“. Во 2006-2007 година, Јарослав Качињски бил премиер на Полска.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.