From Wikipedia, the free encyclopedia
Јанис Хаџи (роден на 22 октомври 1998 во Истанбул) — романски фудбалер, играч од средниот ред на Генк и на романската репрезентација.
Јанис Хаџи | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Јанис Хаџи | ||
Роден на | 22 октомври 1998 | ||
Роден во | Истанбул, Турција | ||
Држава | Романија | ||
Висина | м | 1,84||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Генк | ||
Број | 23 | ||
Младинска кариера | |||
Стеауа Букурешт | |||
Акдемија Георге Хаџи | |||
Фјорентина | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2014-2016 | Виторул Констанца | 38 | (4) |
2016-2018 | Фјорентина | 2 | (0) |
2018-2019 | Виторул Констанца | 45 | (16) |
2019- | Генк | 1 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2012-2013 | Романија 15 | 4 | (2) |
2013-2014 | Романија 16 | 6 | (3) |
2013-2014 | Романија 17 | 6 | (0) |
2013-2014 | Романија 18 | 2 | (2) |
2015-2016 | Романија 19 | 3 | (3) |
2017- | Романија 21 | 14 | (4) |
2018- | Романија | 5 | (0) |
* Ажурирано на: 10 јули 2016 ** Ажурирано на: 10 јули 2016 |
Јанис е роден во Истанбул, Турција, додека неговиот татко Георге кој исто така бил фудбалер играл за Галатасарај.[1][2][3] Има една сестра, по име Кира.
Се смета за голем млад фудбалски талент кој ветува. Стилот на игра на Хаџи е сличен во споредба со оној на неговиот татко, поради дриблингот, додавањата, способноста добро да се служи со двете нозе и плејмејкерските квалитети. Иако претпочита да ја игра улогата на офанзивен играч од средниот ред, тој е брз, агилен и разноврсен играч кој исто така е способен да игра неколку други улоги во предни позиции, па исто така, бил користен како крило, втор напаѓач или дури централен играч од средниот ред. Поради својата визија, техника и чувство за постигнување голови, тој е способен подеднакво за создавање шанси за своите соиграчи и постигнување голови.[4][5][6][7][8]
Својата кариера ја започнал во Академијата на Георге Хаџи на 10-годишна возраст. Во 2014 година се приклучил на Виторул Констанца, клуб со кој дебитирал во романската Лига 1 на 5 декември 2014 година, на возраст од само 16 години, влегувајќи како замена во последната минута на местото на Силвиу Пана во поразот со 1-2 на домашен терен од Ботошани.[9] Шансата да дебитира ја добил од својот татко, кој во тоа време го предводел Виторул од клупата. На 29 мај 2015 година, Хаџи го постигнал својот прв гол во сениорска конкуренција, во ремито 4-4 против истиот противник, а исто така, во тој натпревар за првпат се појавил како стартер.[10] Првата сениорска сезона ја завршил со 7 настапи и 1 гол.
Пред почетокот на следната сезона, иако на возраст од само 16 години Хаџи бил назначен за капитен на Виторул. Првиот гол во сезоната 2015-2016 го постигнал на 21 август 2015, во победата со 4-0 над Поли Темишвар,[11] само неколку дена подоцна откако промашил пенал против Конкордија Киажна.[12] Во октомври, тој бил избран од The Guardian како еден од 50-те најдобри млади фудбалери во светот родени во 1998 година.[13] Втората сезона ја завршил со 31 настап и 3 гола, помагајќи му на Витирул да заврши на петтото место на табелата и да избори квалификација во УЕФА Лигата на Европа за следната сезона.
На 10 јули 2016, Хаџи потпишал за италијанската Фјорентина во трансфер вреден 2 милиони евра. Своето деби во Серија А го направил на 23 октомври 2016, на возраст од 18 години и еден ден, заменувајќи го Јосип Иличиќ во победата со 5–3 на гостувањето кај Каљари.[14] До крајот на првенството, играл само уште еднаш влегувајќи повторно како замена во последното коло против Пескара, завршувајќи ја сезоната со само два настапи.
Откако во следната сезона, не добил ниту една прилика да игра за првиот тим на виолетовите, во јануари Хаџи ја напуштил Фјорентина и се вратил назад во Виторул.
На 18 јануари 2018 година, Хаџи се вратил во Виторул Констанца за истите 2 милиони евра за кој Фјорентина пред тоа го купила со тоа што на италијанската екипа ќе и припаднат и 30% од идниот трансфер на играчот.[15][16] Тој одиграл 14 натпревари и постигнал 6 гола во првата полусезона по враќањето во татковината.
Втората сезона на Хаџи по враќањето во тимот на неговиот татко се покажала како важна и повеќе плодна, откако тој постигнал 14 гола на 38 натпревари. На 2 септември 2018, Хаџи го постигнал својот прв гол за сезоната (од пенал), победничкиот за Виторул во победата со 2-1 над актуелниот шампион ЧФР Клуж. На 5 октомври 2018, тој ги постигнал двата гола во победата со 2-1 на гостувањето кај ЧСМ Политехника Јаш. На 25 мај 2019, Хаџи го освоил својот прв трофеј во кариерата откако Виторул ја победил Астра Џурџу со 2–1 во финалето на Купот на Романија.
На 12 јули 2019, белгискиот шампион Генк го купил Хаџи потпишувајќи со играчот петгодишен договор.[17] Сумата на трансферот изнесувала 8 милиони евра со вклучени бонуси за одредени успеси.[18][19]
Своеото деби за Генк го направил на отворањето на белгиското првенство на 26 јули 2019, притоа постигнувајќи го победничкиот гол за својот тим во победата со 2-1 над Кортријк.[20]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.