Ѕонгка (རྫོང་ཁ་; Вајли: rdzong-kha, Jong-kă) или бутански, поретко нгалопскијазик од групата тибетски јазик во семејството на синотибетски јазици. Ова е националнен и службен јазик во Бутан.[1] Иако јазикот не е мнозински во државата, сепак бутанското кралско семејство и влада се одлучиле да го воведат јазикот како службен низ целата територија на државата. Ѕонгка е најдолг автохтон пишан јазик во Бутан. Ѕонгка се пишува на тибетско писмо.

Кратки факти Ѕонгка, Застапен во ...
Ѕонгка
Застапен воБутан, Сиким (Индија)
НародНгалопи
Говорници170,000  (2006)
втор јазик: ~ 470.000
Јазично семејство
синотибетско
  • (тибетско-бурмански)
    • тибетско-канаурски
Дијалекти
лунанански дијалект
адапски дијалект
Писмотибетско писмо
Статус
Службен во Бутан
Регулативен органКомисија за развој на ѕонгка
Јазични кодови
ISO 639-1dz
ISO 639-2dzo
ISO 639-3или:
dzo  Dzongkha
adp  Adap
{{{mapalt}}}
Окрузите во Бутан каде мнозински јазик е ѕонгка.
Индско писмо
Индско писмо
Оваа страница содржи индски текст. Без соодветна поддршка самогласките може да се прикажуваат на неправилни места, а зборовите може да бидат без сврзници. Повеќе...
Затвори

Потекло на поимот

Името на јазикот е ѕонгка, кое потекнува од зборовите „dzong“ (бутански будистички манастир) и „kha“ (јазик). Во превод, името значи „јазик кој се зборува во ѕонгите“. Важно е да се напомене дека јазикот не се именува како „бутански“ (таков јазик нема), но сепак поимот „бутански“ се користи за именување на несродниот белуџиски јазик. Поради ова, поимот „бутански јазик“ доста често се меша.

Класификација

Од јазична гледна точка, ѕонгка е најсроден со сикимскиот јазик (Вајли: 'Bras-ljongs-skad), националниот јазик на кралството Сиким. Покрај со него, јазикот е сроден и со другите бутански јазици како што се чочанаканскиот, брокпанскиот, брокатскиот и лакаскиот јазик.

Ѕонгка има и сличности со џумованскиот кој се зборува во јужен Тибет и со дранџонгкејскиот јазик кој се зборува во Сиким.[2] Подалечен јазик на ѕонгка е стандардниот тибетски јазик. Иако се меѓусебно разбирливи, двата пишани јазика биле под различни влијанија на литургискиот јазик - класичен тибетски јазик, кој во Бутан е познат како чокејски. Чокејскиот се користел во Бутан со векови и се користел во образовниот систем ви Бутан сè до 1960-тите години. Јазикот бил заменет со стандардниот ѕонгка.[3]

Географска распространетост

Ѕонгка е мајчин јазик на населението во осум западни окрузи во Бутан, каде е и мнозински јазик. Осумте окрузи се Вангди Подранг, Пунака, Тимпу, Гаса, Паро, Ха, Дагана и Чука.[4] Јазикот го зборуваат и во останатите бутански окрузи, но во помал број. Исто така, ѕонгка се зборува во близина на индискиот град Калимпонг, град кој некогаш бил под бутанска управа, а денес е во Западен Бенгал. Јазикот е задолжителен во бутанските училишта и претставува лингва франка во јужните и источните предели на Бутан.

Писмо

Ѕонгка се пишува на бутанска варијанта на тибетското писмо.

Тибетското писмо е службено писмо за тибетските и некои останати јужноазиски јазици. Тибетското писмо не е азбука, туку абугида и е дел од групата на индиски писма. Како и сите абугиди, така и ова писмо е азбучно-сегментско, односно секој знак е составен од комбинација на согласка и самогласка. Печатната форма на тибетското писмо се нарекува „учен“ (тибетски: དབུ་ཅན་, Вајли: dbu-can; 'со рака'), додека пак ракописната форма на писмото се нарекува „уме“ (тибетски: དབུ་མེད, Вајли: dbu-med; 'безглавно').

Ова писмо е тесно сврзано со поширокиот тибетски културен идентитет. Освен во Тибет, ова писмо се користи и во Бутан, Индија, Непал и Пакистан.[5] Од тибетското писмо настанале следниве писма: лумбуанско писмо, лепчанско писмо,[6] и пагспа.[6] Тибетското писмо настанало од писмото брами или „индиско писмо“.

Наводи

Литература

Поврзано

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.