Википедија
слободна семрежна енциклопедија што секој може да ја уредува / From Wikipedia, the free encyclopedia
Википедија (англиски: Wikipedia) — семрежна енциклопедија со слободна содржина отворена за читање и менување. Таа има изданија на преку различни јазици спонзорирани од страна на непрофитната Фондацијата Викимедија. Информациите поврзани со традиционални енциклопедиски теми стојат напоредно со теми од алманаси, газети и актуелни настани. Целта на Википедија е да создаде „свет во којшто секој поединец има слободен пристап до сумата на севкупното човечко знаење.“ Википедија е едно од најпопуларните референтни места на Мрежата, примајќи околу 50 милиони погодоци на ден.
Кратки факти URL, Комерцијална? ...
URL | https://www.wikipedia.org/wiki |
---|---|
Комерцијална? | Не |
Тип на место | семрежен енциклопедиски проект |
Регистрација | Опционална |
Достапни јазици: | Мулти-лингвална (171 активно издание) |
Сопственик | Фондацијата Викимедија |
Создавач | Џими Велс и Лери Сангер |
Затвори
Името е кованица од хавајскиот збор „вики“ (wiki), што значи „брзо“, а бил присвоен да опише еден вид на соработен програм и зборот „енциклопедија“.