From Wikipedia, the free encyclopedia
Вашингтонски каталог на двоѕезди (англиски: Washington Double Star Catalog или WDS) — каталог на двоѕвезди во надлежност на Поморската опсерваторија на САД. Опфаќа информации како положба, величина, сопствено движење и спектрален тип. Во јуни 2017 г. содржел 141.743 двоѕвезди. Вклучени се и повеќекратни ѕвезди. Повеќекратните ѕвезди со б составници се претставуваат во каталогот како парови б-1.
Опфат на ѕвездите во каталогот | |
Вид попис | Астрономски каталог |
---|---|
Цел | Двоѕвезда |
Базата според која е изработен WDS започнала во Личката опсерваторија, каде според неа е направен Индекс-каталогот на визуелни двоѕвезди, објавен во 1963 г. Во 1965 г. по инцијатива на Чарлс Ворли таа прешла во Поморската опсерваторија.[1]
Оттогаш каталогот е подобруван со разни мерни податоци, претежно од каталозите „Хипаркос“ и „Тихо“ и исходните сознанија од вршената дамчеста интерферометрија, како и други извори.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.