From Wikipedia, the free encyclopedia
V404 Лебед — микроквазар и двоен систем во соѕвездието Лебед. Содржи црна дупка со маса од околу 9 M☉ и млада K џиновска ѕвезда со маса малку помала од онаа на Сонцето. Ѕвездата и црната дупка имаат орбитален период на секои 6,47129 при блиско растојание. Поради оваа близина и силната гравитација на црната дупка, придружната ѕвезда губи маса во забрзаниот диск околу црната дупка и во самата црна дупка.[9] Буквата „V“ во името означува дека станува збор за променлива ѕвезда, која повторливо станува посветла и потенма со текот на времето. Исто така се смета за нова, бидејќи најмалку трипати во XX век имала сјајни изливи на енергија. Конечно, станува збор за рендгенска нова, бидејќи периодично оддава кратки изливи на X-зраци.
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 24м 03,83с[1] |
Деклинација | +33° 52′ 02,2″[1] |
Прив. величина (V) | 11,2 - 18,8[2] |
Особености | |
Спектрален тип | K3 III[3] |
U−B Боен показател | +0,3[4] |
B−V Боен показател | +1,5[4] |
Променлив тип | Нова[5] |
Астрометрија | |
Оддалеченост | 2,390[6] пс |
Апсолутна величина (MV) | +3,4[7] |
Податоци | |
A (црна дупка) | |
Маса | 9[6] M☉ |
B | |
Маса | 0,7[7] M☉ |
Полупречник | 6,0[7] R☉ |
Површинска гравитација (log g) | 3,50[8] |
Сјајност | 10,2[7] L☉ |
Температура | 4.800[8] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 36.4[8] км/с |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Во 2009 година, црната дупка во системот V404 Лебед станала првата црна дупка со точно определена паралакса и растојание од Сончевиот Систем. Измерена со користење на VLBI користејќи ја Високочуствителната мрежа, се добива растојание од 2,39 ± 0,14 килопарсеци,[10] или 7,800 ± 460 светлосни години.
Во април 2019 година, астрономите објавиле дека млазови на честички биле исфрлени од црната дупка се лулале нанапред, наназад во текот на неколку минути, нешто што претходно не било забележано во млазовите честички кои биле исфрлени од црната дупка. Астрономите веруваат дека лулањето е предизвикано од завлекувањето на време-просторот од гравитациското поле во близината на црната дупка.[11].
Сситемот првично бил означен како Нова Лебед 1938 и му била доделена ознака за променлива ѕвезда V404 Лебед. Се сметало дека станува збор за обична „умерено брза“ нова иако биле забележани големи проемении за време на падот. Била забележана по максималната сјајност, и фотографската величина била во распонот од 12,5 - 20,5.[12]
На 22 мај 1989 година јапонскиот сателит Гинга забележал нов рендгенски извор кој бил каталогизиран како GS 2023+338.[13] Овој извор набргу бил поврзан со V404 Лебед, што всушност бил повторен излив познат како Нова Лебед 1989.[14][15]
Дополнителните изучувања утврдиле уште еден изблик во 1956 година. Исто така постои и можно засилување на сјајноста во 1979 година.[16]
На 15 јуни 2015 година сателитот на НАСА Свифт ги забележал првите знаци на обновена активност. Започната е светска кампања за набљудување и на 17 јуни гама-зрачната опсерваторијата INTEGRAL на ESA започнала да го следи избликот. INTEGRAL забележал „повторливи светли блесоци кои се повторувале за временски периоди помали од еден час, нешто што ретко се забележувало во останатите системи на црни дупки“, и за времето на овие блесоци V404 Лебед била најсјајната ѕвезда во полето на рендгенско зрачење на небото - скоро 50 пати посветла од Раковидната Маглина. Овој изблик бил прв по оној во 1989 година. Другите изблици се случиле во 1938 и 1956 година, и истите најверојатно биле предизвикани од страна на материјалот кој се насобирал во дискот околу црната дупка сè додека не се постигнала превртната точка.[17] Избликот бил невообичаен во тој физички процес во внатрешноста на забрзаниот диск и истиот можел да се забележи со оптичка фотометрија за малите телескопи, претјходно, овие промени се сметало дека се забележливи само со вселенски поставените рендгенски телескопи.[9] Деталната анализа на податоците од INTEGRAL го откриле постоењето на т.н. парна плазма во близина на црната дупка. Плазмата се состои од електрони и нивните антиматериски противници, позитрони.[18]
Дополнително изучување на податоците од 2015 година укажале на постоење на коронално магнетно поле со јачина од 461 ± 12 гауси, што е значителна пониска вредност од претходните претпоставки за ваквите системи.[19]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.