Тајмс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тајмс е Британски дневен национален весник, за првпат издаден во Лондон во 1785 г. под името Дејли универзал регистер (на 1 јануари 1788 г. се преимени во Тајмс). Тајмс и неговиот сестрински весник Сандеј тајмс (основан во 1821 г.) се објавуваат од страна на Тајмс Њуспејперс, од 1981 г. придружувани од Меѓународните вести, кои се во сопственост на Њус Корпорејшан групацијата под раководство на Руперт Мурдох. Тајмс и Сандеј Тајмс не ја делат редакцијата, тие се формирани самостојно и само имаат заедничко сопствеништво од 1967 г. Тајмс е првиот весник кој го сноси тоа име, позајмувајќи им го на бројни други весници од целиот свет, вклучувајќи ги Тајмс од Индија (1838 г.), на Среит Тајмс (1845 г.), Њујорк Тајмс (1851 г.), Ирски Тајмс (1859 г.), Лос Анџелес Тајмс (1881 г.), Сиетл Тајмс (1891 г.), Дејли Тајмс (Малави) (1900 г.), Канбера Тајмс (1926 г.), и Тајмс (Малта) (1935 г.). За различни цели, весникот некогаш се однесува како ,,Лондон тајмс” или ,,Тајмс од Лондон”, особено во Северна Америка. Тајмс е основоположник на сеприсутниот печатарски слог Тајмс Роман, развиен од страна Стенли Морисон од Тајмс во соработка со Mонотип корпорација за својата читливост во нискотехнолошкoто печатење. Во ноември 2006 г., Тајмс почна да ги печати насловите во нов фонт, Тајмс Модерн. Тајмс беше печатен во широко листен формат 219 години, но се префрли на помала димензија во 2004 г., во обид да биде попривлечен за помладите читатели и редовните патници кои го употребуваат јавниот превоз. Сандеј тајмс остана широко листен. Иако, традиционално умерен весник, понекогаш поддржувач на конзервативците, ја поддржуваше Лабуристичката партија во 2001 г. и 2005 г. на општи избори. Во 2004 г., според Меѓународното истражување за пазар и анкети (MORI- Market and Opinion Research International), гласачките намерите на својата читателите беа 40% за Конзервативната партија, 29% за либерал-демократите, 26% за Лабуристичката партија. Тајмс имаше просечната дневн тираж на 394.102 март 2012 г. Американското издание беше објавено на 6 јуни 2006 г.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |