PlayStation
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа статија е за марката "Сони Плејстејшн". За конзолата од 1994 година, погледни Плејстејшн (конзола). За други намени погледни Плејстејшн (разграничување).
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Плејстејшн (јап.: プレイステーション, изговорено „Пуреисутешон“, официјална скратеница PS, стилизирано PlayStation) е марка на конзоли за видеоигри создадена и развиена Сони Копјутер Ентертејнмент. Со конзоли во петтата, шестата, седмата и осмата генерација, марката за првпат беше претставена на трети Декември 1994 година во Јапонија. Марката се состои од вкупно три домашни конзоли,медиумско средиште,служба на интернет, ракувачки ред,две рачни конзоли и телефон,како и бројни списанија.Првата конзола во оваа низа,Плејстешн,беше првата конзола за видеоигри што испорача сто милиони примероци,што се случи девет години и шест месеци по почетното лансирање.Негиовиот наследник Плејстешн 2 е најдобро продаваната конзола до денес,со продажба на преку стошеесет милиони продадени примероци сè до 31 Јануари 2011та година.Последната конзола на Сони,Плестејшн 3 распродаде преку 70.2 милиони конзоли ширум светот сè до 30 септември 2012та година. Првата рачна играчка конзола од серијата на Плејстејшн,Плејстејшн Портабл или ПСП,распродаде вкупно 71.4 милиони примероци ширум светот сè до 14 Септември 2011та година. Нејзиниот наследник Плејстејшн Вита,лансиран во Јапонија на 17ти Декември 2011та година и во многу други големи територии во февруари 2011та распродаде повеќе од 1.2 милиони примероци с до крајот на февруари 2012 година. Друг издаден хардвер од како дел од Плејстешн серијата го вклучува ПС-ЕКС,дигитален видеорекордер којшто беше интегриран со Плејстејшн и Плејстејшн 2,иако со краток рок на употреба поради високата цена и никогаш не беше издаден надвор од Јапонија,исто како и телевизискиот сет Сони Бравија кој има интегрирана Плејстејшн 2.Главните серии на управувачи што сериите Плејстејшн ги користат е Дуалшокот,кој е линија на вибраициско повратена играшко помагало со продадени 28 милиони примероци до 28 Јуни 2008 година. Плејстешн мрежата е служба на интернет со повеќе од 69 милиони корисници ширум светот(до 25 Јануари,2011та година).Се состои од виртуелен интернет Пазар,Плејстешн Продавница,што овозможува купување и симнување на игри од интернет и други мултимедијални облици,претплатнички заснована служба на интернет позната под името Плејстешн Плус и служба за социјално мрежно играње наречена Плејстешн Хоум,што брои повеќе од 14 милиони корисници на во светски рамки.Плејстејшн Суит е претстоечка софтверска конструкција што на Плејстешн треба да му обезбеди на Плејстешнот користење од страна на повеќе компјутери,програм или уреди;моментално поддржани се само уредите Андроид[мртва врска] и Плејстејшн Вита.Содржината поставена да се издаде под конструкцијата моментално се состои само од изворните игри за Плејстејшн.Денешните производи за Плејстејшн исто така користат ЕксросМедијаБар кој е добитник на наградата за графички интерфејс за корисници.Нов интерфејс заснован на екран на допир наречен ЛајвАреа се дизајнира за Плејстејшн Вита,којшто вклучува друштвено мрежни елементи во интерфејсот.Исто така Плејстејшн и првобитните Плејстејшн 3 конзоли се одликуваат со поддржување на Линукс[мртва врска] оперативни системи,иако ова престанало.Сериите исто така се познати по бројните маркетиншки кампањи,од која во најпоследната се вклучени рекламите за "Лонг Лајв Плеј" во Обединетите Држави.Сериите исто така имаат цврст состав на стрчни сопственици поради Светскипзознатите студија на Сони Компјутер Ентертеинмент, група од петнаесет внатрешни усовршувачи под сопственост на Сони Компјутер Ентертеинмент кои се посветени на развивање на првокласни игри за сериите.Освен тоа,сериите се одликуваат со различни буџетски повторни издавања на наслови од страна на Сони со различни имиња за секој регион;овде се вклучени Најголемите хитови,Платина и Најдобрите подрачја на наслови.