Пјер Андре Латреј
француски зоолог (1762–1833) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пјер Андре Латреј (француски: Pierre André Latreille, 29 ноември 1762 – 6 февруари 1833 ) — француски зоолог, специјализиран за членконоги. Како римокатолички свештеник бил затворен, а бил пуштен на слобода откако нашол редок вид на бубачка во затворот, Necrobia ruficollis. Првото значајно дело го објавил во 1796 година,(Précis des caractères génériques des insectes), а потоа бил вработен во Природонаучниот музеј на Франција. Неговата работа на систематизирање на членконогите и на такономијата, му донела почит, а поради тоа бил повикан да учествува во пишувањето на монументалната книга „Царството на животните“ (Le Règne Animal). Латреј би сметан за ентомолог, и бил опишан од еден од неговите ученици како „принц на ентомолозите“.
Кратки факти Пјер Андре Латреј Pierre André Latreille, Роден(а) ...
Пјер Андре Латреј Pierre André Latreille | |
---|---|
Пјер Андре Латреј | |
Роден(а) | 29 ноември 1762(1762-11-29) Брив ла Гајард |
Починал(а) | 6 февруари 1833(1833-02-06) (возр. 70) Париз |
Националност | Французин |
Полиња | Ентомологија, арахнологија, каркинологија |
Установи | Природонаучен музеј на Франција |
Образование | Париски Универзитет |
Авторска кратенка (зоо.) | Latreille |
Затвори