From Wikipedia, the free encyclopedia
"Nobody's Home" е песна на Аврил Лавињ од нејзиниот втор албум Under My Skin, која е издадена како трет сингл од истоимениот албум. Гитарата во песната ја свири Даниел Стерн, продуцент е Дон Гилмор, а напишана е од Лавињ и Бен Муди, поранешен гитарист на бендот Evanescence, тогашен добар пријател на Лавињ. "Nobody's Home" е "рок балада" со пост-гранџ звуци и побавна отколку претходните песни на Лавињ од албумот Under My Skin. Песната се наоѓа на ЦД-то Totally Hits 2005. Една од Б-страните на песната е "I Always Get What I Want", која е издадена како сингл на iTunes на 31 октомври 2004.[3]
„Nobody's Home“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Аврил Лавињ | |||||
од албумот Under My Skin | |||||
Страна Б | "I Always Get What I Want" "Knockin' on Heaven's Door" (песна од Боб Дилан препеана од Лавињ) | ||||
Издаден | ноември 15 2004 (видете историја на издавање) | ||||
Формат | ЦД сингл | ||||
Снимен | 2003 NRG Recording Studios, (Холивуд, Калифорнија) | ||||
Жанр | Рок,[1][2] поп рок[1] | ||||
Должина | 3:31 | ||||
Издавачка куќа | Arista | ||||
Композитор | Текст:Аврил Лавињ Музика: Аврил Лавињ, Бен Муди | ||||
Продуцент | Дон Гилмор | ||||
Хронологија на синглови на Аврил Лавињ | |||||
|
Гласачите на AOL Radio, ја изгласале "Nobody's Home" како седма најдобра песна на Лавињ.[2]
Музичкото видео за песната е снимано на 29 и 30 јули 2004 во Лос Анџелес, Калифорнија, режирано од Дајан Мартел.[4] Видеото за "Nobody's Home" премиерно е покажано на 20 октомври на Total Request Live на MTV.[5]
Во музичкото видео за песната "Nobody's Home", Лавињ игра улога на бездомна тинејџерка која се појавува низ улиците со пријател. Лавињ која кажала дека било забавно додека го снимала видеото морала да облече црна перика и стари фармерки за да изгледа како бездомничка. Исто така се појавуваат и снимки од убавата Лавињ која носи долг фустан, има виткана коса и пее со оркестар зад неа.
"Nobody's Home" ја покажува Лавињ која глуми девојка која сака да се оттргне од улиците. Таа исто така пробува да ѝ се јави на својата мајка, но ќе го исклучи мобилниот. Потоа девојката се мие во тоалетот во некоја продавница. Таа исто така пробува да свири на гитара за да спечали пари од минувачите. Кон крајот на видеото девојката пробува да влезе во паркирани коли и наоѓа отклучена кола, па се крие во неа за да се заштити од дождот. На крајот од видеото е прикажана девојката со валкани алишта и разбушавена коса како ќе изрони една солза. Таа потоа продолжува да оди и видеото завршува.
На почетокот на видеото, може да се види знакот "A+D", за тогашното момче на Лавињ, а сега поранешен сопруг, Дерик Вабли. Потоа, во сцената во тоалетот каде Лавињ го користи фенот, знакот "A+D" може да се види во срце кое е напишано на ѕидот на тоалетот. Во видеото се појавува и пријателката на Лавињ, Моник, која се има појавено и во музичкото видео за "My Happy Ending" како една од младите жени.
|
(4988017628102; Издадено:4 ноември 2004)
|
"Nobody's Home" се искачила на пониски места во повеќето од државите отколку претходните синглови на Лавињ, но сепак успеала добро да се пласира. Песната била многу блиску да се искачи во топ 40 на Билборд Хот 100, но се искачила на #41. Песната подобро се искачила во Обединетото Кралство и Австралија, искачувајќи се на #24 во двете држави со што станала втора песна која најслабо се искачила во Обединетото Кралство (песната која се искачила на најниско место во Обединетото Кралство била "Hot" во 2007 и се искачила на #30). Се искачила на #4 на канадската BDS Airplay табела и на #1 во Мексико.
Година | Церемонија | Награда | Резултат |
---|---|---|---|
2005 | Juno Awards | Избор на обожавателите | Предлошка:Победа |
Socan Awards | Најдобра Поп песна | Предлошка:Победа | |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.