Малезија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Малезија (малајски: Malaysia) — сојузна уставна монархија во Југоисточна Азија. Се состои од тринаесет федерални држави и три федерални територии, и зафаќа површина од 330.803 км2. Јужнокинеското Море ја дели Малезија на две области со приближна големина, Западна Малезија и Источна Малезија (Малезиски Борнео). Западна Малезија има копнена граница со Тајланд и поморски граници со Сингапур, Виетнам и Индонезија. Источна Малезија има копнена граница со Брунеј и Индонезија и поморска граница со Филипините. Главен град на Малезија е Куала Лумпур и градот е седиште на сојузната влада во Путраџаја. Според пописот од 2010 година во Малезија живееле 28,33 милиони луѓе, од кои 22,6 милиони жители живееле во западниот дел на земјата. Во Малезија се наоѓа Танџун Пија, најјужната точка на континенталниот дел Евроазија. Малезија е една од седумнаесетте земји со најголема разновидност на растителен и животински свет, со високо присуство на ендемски видови.
Малезија Malaysia
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Bersekutu Bertambah Mutu" "Единството е Големина"1 |
||||||
Химна: Negaraku "Мојата земја"1 |
||||||
Главен град (и најголем) | Куала Лумпур 3°08′N 101°42′E | |||||
Службен јазик | Малајски2 | |||||
Демоним | Малезијци
(Малезиец/Малезијка) |
|||||
Уредување | сојузна уставна изборна монархија и парламентарна демократија |
|||||
• | Крал | Ибрахим Искандар Џохорски | ||||
• | Премиер | Анвар Ибрахим | ||||
Независност | ||||||
• | Од Велика Британија (само Малаја) | 31 август 1957 |
||||
• | Федерација (со Сабах, Саравак и Сингапур4) | 16 септември 1963 |
||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 330,803 км2 (66та) | ||||
• | Вода (%) | 0,3 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за сеп. 2008 г. | 27.730.000[1] (43та) | ||||
• | Попис 2000 | 24.821.286 | ||||
• | Густина | 5 84 жит/км2 (114та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2007 г. | |||||
• | Вкупен | $359,271 billion[2] | ||||
• | По жител | $13.385[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2007 г. | |||||
• | Вкупно | $186.718 милијарди [2] | ||||
• | По жител | $6.956[2] | ||||
Џиниев коеф. (2009) | 46.2[3] висок · 36та |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.773[4] висок · 62ра |
|||||
Валута | рингит (RM) (MYR ) |
|||||
Часовен појас | MST (UTC+8) | |||||
НДД | .my | |||||
Повик. бр. | 60 | |||||
1. | Malaysian Flag and Crest from www.gov.my. | |||||
2. | Официјалната терминологија е Bahasa Malaysia (лит. Малезиски јазик) [5] but legislation continues to refer to the official language as Bahasa Melayu (literally Malay language). | |||||
3. | Путраџаја е примарно седиште на федералната влада. | |||||
4. | Сингапур ја доби независноста на 9 август 1965. | |||||
5. | Засновано на последниот попис. | |||||
6. | 020 од Сингапур. |
Кралствата на територија на денешната Малезија во XVIII век станале интересни за Британската Империја. Откако малајските царства станале британски протекторат,биле основани административните единици познати како британски имот во Малаја. Во 1946 година, малајскиот дел на индокинескиот полуостров бил обединет во Малејската унија. Малаја била реорганизирана во малајската федерација во 1948 година, а на 31 август 1957 станала независна. Неколку години подоцна, на 16 септември 1963 година,на Малаја и се приклучиле Северен Борнео, Саравак и Сингапур, а државата го променила името во Малезија. Неполни две години подоцна, во 1965 година, Сингапур бил исклучен од федерацијата.[6]
Мултиетничноста и мултикултурализмот имаат големо влијание врз политиката на земјата. Исламот е дефиниран со уставот како државна религија, додека слободата на религијата е загарантирана. Системот на државната администрација е во голема мера сличен на оној во Британија, а законодавството се заснова на англосаксонското право. Предводник на државата е кралот, познат како Јанг ди-Пертанг Агонг. Тој е избран од владетелите на деветте малајски сојузни држави и неговото владеење е во период од пет години. Шеф на владата е премиерот.[7]
По стекнувањето на независноста, економските показатели на Малезија се меѓу најдобрите во Азија, со просечна годишна стапка на раст на БДП од 6,5 проценти за речиси педесет години. Економијата традиционално се потпира на природното богатство на земјата, но исто така се развиваат и науката, туризмот, трговијата и здравствениот туризам. Денес, Малезија е една од ново-индустријализираните земји со пазарна економија. Во однос на БДП, таа е на трето место во југоисточна Азија, додека во се наоѓа на 29 место. Оваа држава е еден од основачите на АСЕАН, самитот на источна Азија и организацијата за исламска соработка, исто така член на АПЕК, Комонвелтот на нациите и Движењето на неврзаните.