From Wikipedia, the free encyclopedia
IPTV (Internet Protocol Television, македонски: Интернет Протокол Телевизија) е систем каде дигиталната телевизија се трансмитува преку Internet Protocol. Може да се каже дека ИПТВ е телевизија која наместо да биде пренесувана преку стандадните предаватели се предава низ интернет мрежата. Доволно е да се има телефонска линија и АДСЛ за да може да се употребува оваа услуга.
Најчесто ИПТВ доаѓа во пакет со Video on Demand или со VoIP. Комерцијалното спојување на ИПТВ, VoIP и интернет пристапот уште се нарекува "Трипл Плеј" сервис. ИПТВ користи двонасочен дигитален сигнал кој се пренесува преку телефонска линија или интернет врска и сет-топ-бокс (STB, т.е. рисивер) кој е програмиран со специјален софтвер.
ИПТВ сервисите можат да се класифицираат во три основни групи:
ИПТВ се разликува од генералните интернет-засновани или веб-засновани мултимедијални сервиси поради процесот на стандардизација кој е во тек (на пр., Европскиот институт за телекомуникациски стандарди - European Telecommunications Standards Institute - ETSI), и преферентните сценарија на вопсоставување во претплатнички - засновани телекомуникациски мрежи со високо брзинкси канали на пристап во просториите на крајниот корисник преку сет-топ боксови (STB) или друга клиентска опрема.
Историски гледано, многу различни дефиниции за ИПТВ се појавиле, како дефинициите за елементарни стримови преку IP мрежи, транспортни стримови преку IP мрежи и голем број на системи од приватна сопственост.
Официјалната дефиниција одобрена од страна на фокус групата на Меѓународната унија за телекомуникации на ИПТВ (International Telecommunication Union focus group on IPTV - ITU-T FG IPTV) е следната:
"ИПТВ е дефинирана како мултимедијални сервиси како што се телевизија / видео / аудио / текст / графика / податоци доставени преку IP засновани мрежи, управувани за да го обезбедат потребното ниво на квалитет на сервис и доживување, сигурност, интерактивност и веродостојност." [1]
Уште една официјална и подетална дефиниција на ИПТВ е онаа дадена од страна на ИПТВ експлоративната група на Алијансата за телекомуникациско индустриски решенија (Alliance for Telecommunications Industry Solutions - ATIS) во 2005:
"ИПТВ се дефинира како безбедно и веродостојно доставување на видео за забава и слични сервиси до претплатници. Овие сервиси можат да вклучуваат, на пример, телевизија во живо, видео-на-барање (VоD) и интерактивна телевизија (ITV). Овие сервиси се доставуваат преку агностична на пристап, мрежа со комутација на пакети, која го користи IP протоколот за транспорт на аудио, видео и контролни сигнали. Спротивно на видео преку јавен интернет, со ИПТВ имплементацијата, мрежната безбедност и ефикасност тесно се управувани за да се обезбеди супериорно искуство на забава, што резултира со привлечна бизнис околина за содржинските услужници, рекламаторите и сличните клиенти."[2]
Една дефиниција за корисничката ИПТВ е за еден или повеќе програмски транспорт стримови (multiple program transport streams - MPTS), кои се проследуваат до изворот од истиот мрежен оператор, кој ја поседува или директно контролира „последната милја“ до просториите на потрошувачот. Оваа контрола над испорака овозможува гарантиран квалитет на сервис (QoS), а исто така му овозможува на услужникот да понуди подобро корисничко искуство, како што е подобар програмски водич, интерактивни сервиси итн. Во комерцијалните околини, ИПТВ широко се употребува за дистрибуција на телевизија во живо, видео playout канали и видео-на-барање (VoD) материјал преку LAN или WAN IP мрежните инфраструктури, со контролиран квалитет на сервис (QoS).
Еден telco ИПТВ сервис е вообичаено доставуван преку инвестирана добро заштитена мрежа, која е внимателно конструирана за да обезбеди ефикасна достава, со доволно голем пропусен опсег, на големи количини мултикаст видео сообраќај. Повисокиот мрежен квалитет, исто така, овозможува лесна испорака на висококвалитетна SD или HD телевизиска содржина во претплатничките домови. Ова ја прави ИПТВ, по дифолт, претпочитана платформа за испорака на премиум содржини. Сепак, инвестицијата за еден telco да изгради од крај-до-крај ИПТВ сервис може да биде значителна.
Емитуваната ИПТВ има две главни архитектонски форми: бесплатна и наплатно заснована архитектура. Заклучно со јуни 2006 година, постојат повеќе од 1,300 слободни ИПТВ достапни извори.[3] Овој сектор рапидно расте и големите телевизиски емитувачи ширум светот ги трансмитиарат нивните емисиони сигнали преку интернет. Овие бесплатни ИПТВ извори бараат само интернет врска и интернет овозможен уред како што е личниот сметач, HDTV поврзан на компјутер, дури и 3G ќелиен/мобилен телефон за гледање на ИПТВ содржината. Различни веб портали нудат бесплатен пристап до овие ИПТВ извори.
Бидејќи ИПТВ користи стандардни мрежни протоколи, тоа ветува пониски трошоци за операторите и пониски цени за корисниците. Со користење на сет-топ-кутии (STB) со широкопојасни интернет врски, видео содржините може да бидат стримувани до домаќинствата поефикасно од сегашниот коаксијален кабел. Домашните мрежи во моментов ја користат технологијата од Multimedia over Coax Alliance, HomePlug Powerline Alliance или Home Phoneline Networking Alliance за доставување на ИПТВ содржина на било која STB во домовите, без да мора да се инсталираат нови Ethernet кабли и без потпирање на безжични технологии како 802,11, кои не се оптимизирани за доверлива достава на видео стримови. Семрежните услужници денес ги надоградуваат своите мрежи со цел да понудат поголеми брзини и да овозможат повеќе High Definition TV канали.
ИПТВ користи двонасочен broadcast дигитален сигнал испратен преку телефонска или кабелска мрежа преку широкопојасна врска и STB програмирана со софтвер (многу слично на кабелска или сателитска TV кутија), која може да се справи со барањата на гледачот за пристап до многуте медиумски извори на располагање.
Локалните ИПТВ, што се користат од страна на претпријатијата за аудио-визуелна AV дистрибуција во нивните компаниски мрежи се обично засновани на мешавина од:
Во зависност од мрежната архитектура на семрежен услужник (ISP), постојат два главни типови на видео серверска архитектура, која може да се користи за ИПТВ воспоставување: централизирана и распределена .
Централизираниот архитектoнски модел е релативно едноставно и лесно управливо решение. На пример, како што сите содржини се складирани во централизирани опслужувачи, нема потреба од сеопфатен содржинско дистрибутивен систем. Централизираната архитектура е обично добра за мрежа која обезбедува релативно мал VoD сервис, има соодветен пропусен опсег во јадрото и до крајните корисници и има ефикасна мрежа за достава на содржина (Content Delivery Network - CDN).
Дистрибуираната архитектура е исто толку размерлива како централизираниот модел, но сепак има предности во искористеноста на пропусниот опсег и инхерентни системско управувачки одлики кои се неопходни за управување на поголема серверска мрежа. Операторите кои планираат да постават релативно голем систем, затоа треба да размислат за воведување на дистрибуиран архитектонски модел уште од самиот почеток. Дистрибуираната архитектура бара интелигентни и софистицирани технологии на дистрибуција на содржина за да се зголеми ефикасната испорака на мултимедијални содржини преку мрежите на услужниците.[4]
Обично, резеденцијалните порти кои овозможуваат поврзување со широкопојасната мрежа на пристап не се сместени во непосредна близина на ИПТВ STB-от. Ова сценарио ќе стане почеста појава, како што услужниците ќе почнат да нудат сервисни пакети со повеќе STB-и по претплатник.
Традиционалните домашни мрежни технологии, како Ethernet и 802,11 не овозможуваат добро решение за да се обезбеди поврзување помеѓу портата и секој STB. Повеќето домови денес не се со Етернет кабел во секоја соба; и инсталирањето на нови Етернет кабли е скапо за услужниците и непожелно за потрошувачите. Безжичните технологии како 802,11 се оптимизирани за податочна трансмисија, но вообичаено не го обезбедуваат квалитетот на сервис потребен за ИПТВ апликациите.
Мрежните технологии кои го користат постоечкото домашно жичено поврзување (како што се електричните водови,[5][6] телефонските линии или коаксијалните кабли[7][8])) станаа популарно решение за овој проблем, иако фрагментацијата на пазарот на жиченото домашно вмрежување го лимитираше порастот на овој пазар.[9][10]
Во декември 2008 година, ITU-T ја усвои препораката G.hn (исто така позната како G.9960), којшто е стандард на следната генерација на домашни мрежи, којшто специфицира заеднички PHY/MAC кој може да работи врз било кое домашно жичено поврзување (електрични водови, телефонски линии или коаксијални кабли).[11]
Постои растечки напор за стандардизација на употребата на 3GPP IP мултимедија подсистемот (IMS) како архитектура за поддршка на ИПТВ сервсис во носителите мрежи. Двете ITU-T и ETSI работат на т.н. "IMS-засновани ИПТВ" стандарди (на пр. ETSI TS 182 027[12] ). Придобивките на овој пристап се очигледни: носителите ќе можат да нудат глас и ИПТВ сервис преку истата основна јадрена инфраструктура и имплементацијата на сервиси комбинирајќи ги конвенционалните TV сервиси со телефониски одлики (на пример, caller ID на TV екранот).[13]
ИПТВ ги опфаќа и телевизијата во живо (multicasting) и складираното видео (video-on-demand, или VoD) сервисите. Плејбекот на ИПТВ содржина има потреба од личен сметач или STB поврзан со телевизор. Видео содржината е типично компресирана користејќи или MPEG-2 или MPEG-4 кодек и потоа испратена во транспортен MPEG стрим, доставен преку IP мултикаст во случај на телевизија во живо или преку IP уникаст во случај на видео на-барање. IP Multicast претставува метод во кои информациите може да бидат испратени до повеќе компјутери во исто време. H.264 (MPEG-4) кодек сè повеќе се користи за замена на постариот MPEG-2 кодек и овозможува телевизија со висока резолуција (HDTV). Во стандардните ИПТВ засновани системи, примарните протоколи кои се користат се:
ИПТВ платформите овозможуваат интеракција помеѓу корисникот и телевизијата. Можно е да се видат информации за филм како и податоци за глумците и глумиците. Исто така и напредниот телетекст е од голема корист бидејќи претставува еден вид на медиум каде може да се добијат информации за времето, вести, тв-програма итн.
Поради тоа што ИПТВ-то бара пренос на податоци во реално време и користи интернет, постои можност сликата да се изгуби или да се замрзне поради квалитетот на интернет врската. Пред сè ова зависи од брзината на интернетот. Препорачани типови на интернет за ИПТВ се кабелски, АДСЛ или ФиОС.
Во Македонија, на 17 ноември 2008 година, официјално започна да функционира ИПТВ сервисот од страна на Македонски Телеком под името MaxTV.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.