IEEE 1394
From Wikipedia, the free encyclopedia
IEEE 1394 посредник или познат како FireWire на Apple и i.Link на Sony, е посредник кој се користи за комуникација со голема брзина и пренос на податоци во реално време. Најчесто се користи за пренос на дигитален звук и дигитално видео. FireWire го замени паралелниот SCSI поради пониската цена и едноставноста. Прифатен е како стандарден посредник за пренос на звук и видео (High Definition Audio-Video Network Alliance). Овој конектор се вградува скоро во сите дигитални фотоапарати, видеокамери, iPod уреди и во разни модели на лаптопи.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
На FireWire можат да се приклучат до 63 уреди во дрвовидна топологија. Дозволува peer-to-peer комуникација помеѓу два уреди (скенер и печатач), без да црпи од ресурсите на обработувачот или RAM меморијата. Кабелот за FireWire е со 6 жици и може да издржи до 45 вати за еден порт. Со тоа се овозможува некои уреди кои се приклучени на FireWire да не бараат додатно напојување. Бидејќи е изграден на bus дрвовидна топологија, секој уред кој е приклучен си има свој уникатен број. Како што кажав, може да се приклучат до 63 уреди во дрвовидната топологија. Еден уред во топологијата е прифатен како корен и тој има идентификациски број кој е со највисок приоритет. Дрвовидна топологија:
Има повеќе стандарди на FireWire.