Химна на Монако
From Wikipedia, the free encyclopedia
Химна на Монако (француски: Hymne monégasque - „Моначка химна“) е официјална и државна химна на Монако. Текстот на химната бил напишан од Теофил Беландо де Кастро, кој исто така ја создал и музиката на химната во 1841. Во 1931 година, Луј Нотари го сменил текстот на моначки јазик, и денес само моначката верзија е официјална. Претходно химната била на француски јазик. Текстот на целата песна е составен од две строфи, но официјална е само едната.