Назнака за дигитални објекти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Назнака за дигитални објекти (DOI, од англиски: digital object identifier) — низа од знаци што служат за единствено препознавање на електронски документи и други објекти. Метаподатоците за објектот се складираат во прилог на DOI-називот и местото (да речеме URL) кајшто може да се најде објектот. DOI на документот е постојано, додека местото и другите податоци можат да се менуваат. Упатувањето на еден документ преку DOI provides постабилна врска отколку преку URL-адреса, бидејќи ако се промени URL-адресата, објектот и понатаму е може да се пронајде, а издавачот само треба да го поднови тој податок.[1][2][3]
Меѓутоа, за разлика од URL-адресите, системот DOI не е отворен за секого. Право на негово користење имаат само организации кои ги задоволуваат договорните барања и сакаат да платат за да можат да доделуваат DOI-назнаки.[4] Системот DOI се применува преку сојуз од регистарски агенции чиишто активности ги усогласува Меѓународната задолжбина за DOI (International DOI Foundation),[5] која е творец на системот и раководи со него. Системот DOI наоѓа прназивна во низа издавачки активности од 2000 г. Наваму. До крајот на 2009 г. издадени се околу 43 милиони DOI-називи од страна на 4.000 организации.[6]