Born This Way (песна)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Born This Way— песна на американската пејачка Лејди Гага, од нејзиниот втор истоимен студиски албум, Born This Way. Напишана и продуцирана од Гага, Фернандо Гарибеј, Џеп Лорсен и Диџеј Вајт Шадоу, „Born This Way“ била развиена додека Гага била на турнејата Monster Ball. Инспирирана од музиката за женско подобрување од 1990-тите и од геј-заедницата, Гага објаснила дека „Born This Way“ била нејзината песна за слобода. Претходно, таа испеала дел од рефренот на музичките награди на МТВ во 2010. Песната била објавена како водечки сингл од албумот и била издадена на 11 февруари 2011 (два дена пред закажаниот датум) заедно со издавањето на целосниот текст и омотот на синглот.
Музички, „Born This Way“ е електропоп песна, со звуци од синтисајзер и потпевнувачки бас, како и удирачки инструменти додадени во рефренот. Исто така кон крајот Гага пее а капела придружена од оргули. Текстот на песната зборува за самоподобрување и ги користи имињата на LGBT-заедниците како геј, лезбијка и транссексуалец покрај другите зборови. Користењето на поимите „чола“ и „ориент“ во песната предизвикале критички реакции кај некои азиски и хиспански заедници, кои тврделе дека тие поими се употребени со намера да навредат и понижат. За песната биле снимени многу ремиксови, вклучувајќи ја и кантри роуд верзијата снимена од самата Гага и друг ремикс со индиска музика, продуциран од дуото Салим и Сулајмант Мерчант.
„Born This Way“ добила помешани критики од музичките критичари; била пофалена поради тоа што е „клуб-химна“, а добила и многу критики поради сличностите со синглот „Express Yourself“ (1989) на Мадона. Некои критичари се сомневале дека сличностите ќе го оштетат апелот на песната,додека другите критичари рекле дека „Born This Way“ била сосема поразлично парче музика. Песната се искачила на првото место во 19 држави, вклучувајќи ги Австралија, Австрија, Канада, Германија, Ирска, Јапонија, Нов Зеланд, Швајцарија и Шведска. Во САД, песната станала нејзиниот трет сингл кој се нашол на врвот на табелата Билборд Хот 100. Дополнително, „Born This Way“ станала илјадитата број-еден песна на Хот 100-табелата, поминувајќи шест недели на првото место. Станал најбрзо продаваната песна во историјата на iTunes, продавајќи еден милион копии за пет дена.
Музичкото видео за песната било режирано од Ник Најти Лејди Гага. Било инспирирано од уметници како Салвадор Дали и Френсис Бејкон и нивните надреални слики. Главната идеја зад видеото е Гага која дава живот на нова раса, што е прикажано со предговор. По започнувањето на песната и неколкуте танцувачки рутини, видеото продолжува со град кој е пополнет со таа раса. Критичарите забележале дека во видеото има неколку културни наводи и забележале дека работата на Гага е слична со онаа на Мајкл Џексон, Мадона дизајнерот Александер Меккуин, а забележале и елементи од старогрчката митологија и надреализмот. „Born This Way“ за првпат била изведена во живо на 53-тите Греми награди, каде Гага пеела откако излегла од инскубаторски предмет. Песната била исто така изведена на посследната етапа од The Monster Ball Турнејата и на телевизиските емисии како Сабота навечер во живо и Добро утро Америка. Пејачите Кети Пери и Марија Арагон ја преработиле песната.