1402
| Монголскиот хан Тамерлан во Битката кај Ангора, денешна Анкара, ја победува турската војска и го заробува султанот Бајазит I, кој во 1403 година умира во ропство.
|
1903
| Произведен првиот сериски автомобил на „Форд“.
|
1924
| Во Париз е основана Светската шаховска организација.
|
1944
| Германскиот полковник Клаус Шенк извршува атентат врз нацистичкиот водач Адолф Хитлер со подметнување на бомба под неговиот стол во бункерот Волчја јама кај Берлин. Хитлер е само полесно повреден, а заговорниците се погубени.
|
1969
| Месечевото возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со космонаутите Нил Армстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод.
|
2001
| Карло Џулијани, италијански активист и анархист е убиен во текот на демонстрациите против Групата 8 во Џенова од страна на италијанските Карабињери. |