година From Wikipedia, the free encyclopedia
1 п.н.е. — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1. година пред новата ера, 1. од првиот милениум п.н.е., 1. од 1 век п.н.е. и прва од 0-тите п.н.е.
Грегоријански календар | 1 п.н.е. N |
Ab urbe condita | 753 |
Старогрчка ера | 194.. олимпијада, год. 4 |
Асирски календар | 4750 |
Балиски календар | н/п |
Бенгалски календар | −593 |
Берберски календар | 950 |
Будистички календар | 544 |
Бурмански календар | −638 |
Византиски календар | 5508–5509 |
Кинески календар | 己未年 (зем. коза) 2696 или 2636 — до — 庚申年 (мет. мајмун) 2697 или 2637 |
Коптски календар | −284 – −283 |
Етиопски календар | −8 – −7 |
Еврејски календар | 3760–3761 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 56–57 |
- Сачка ера | н/п |
- Кали-југа | 3100–3101 |
Холоценски календар | 10000 |
Ирански календар | 622 п.п. – 621 п.п. |
Исламски календар | 641 п.х. – 640 п.х. |
Јавански календар | н/п |
Јулијански календар | 1 п.н.е. N |
Корејски календар | 2333 |
Мингуо-календар | 1912 пред Р. Кина 民前1912年 |
Нанакшахи | −1468 |
Селевкидски календар | 311/312 г.г. |
Тајландски сончев календар | 542–543 |
Тибетски календар | 阴土羊年 (женска земја-коза) 126 или −255 или −1027 — до — 阳金猴年 (машко железо-мајмун) 127 или −254 или −1026 |
Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 5507 и 5508 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 4749 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3759 и 3760 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 752.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1 година се протега во 2635 и 2636, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2695 и 2696 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 542. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 641 и 640 исламска година пред хиџра.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.