1624
| Францускиот крал Луј XIII го поставува кардиналот Ришелје за премиер.
|
1792
| Француските револуционери ги апсат членовите на кралското семејство само три дена по укинувањето на монархијата и соборувањето на кралот Луј XVI.
|
1814
| Холандија ѝ го отстапува ’Ртот на Добра Надеж на Велика Британија.
|
1914
| Во текот на Првата светска војна, Франција и објавува војна на Австроунгарија.
|
1923
| Мустафа Кемал Ататурк станува прв претседател на Турција.
|
1961
| Властите на Источна Германија ја затвораат границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката порта и почнуваат со изградба на 155 километри долг ѕид по границата со Западен Берлин. Ѕидот е урнат во ноември 1989 година, по што Германија повторно се обединува.
|
1964
| Во Велика Британија се извршени последните смртни казни со бесење на два затвореника во Ливерпул и Манчестер, осудени на смрт заради убиства.
|
1998
| Швајцарските банки и еврејските групи постигнуваат договор со кој се предвидува исплаќање на сума од 1.250.000.000 долари како надомест на жртвите од холокаустот во текот на Втората светска војна.
|
2001
| Потпишан е Охридскиот рамковен договор.
|